Кале (Евла)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Кале е археолошки локалитет во преспанското село Евла. Локалитетот претставува населба од средниот век. Се наоѓа на 5 km североисточно од селото, каде на висок рид со зарамнето плато што се издига над Кошарска и Источка Река, на поголем тешко пристапен простор се гледаат остатоци од утврдена населба. Откриени се ѕидови на повеќе објекти ѕидани од камен и варов малтер. Професор Томо Томоски го идентификувал локалитетот Кале со населбата Василица, позната во записите од XI век.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Исток - црква од среден век;
- Св. Спас - црква од среден век;
- Ливадица - осамен наод од доцноантичко време;
- Евла;
- Список на археолошки локалитети во Ресенско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() |
Оваа статија за поврзана со македонската археологија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |