Пилав Тепе
| Пилав Тепе | |
|---|---|
Поглед на Пилав Тепе | |
| Највисока точка | |
| Надм. вис. | 566 м [1] |
| Истакнатост | 100-200 м |
| Координати | 41°37′37″N 22°18′37″E / 41.62694°N 22.31028°E |
| Географија | |
Пилав Тепе — вулканска купа во клисурата на Маденска Река, десна притока на Крива Лакавица, на околу 12 километри западно од Радовиш. Купата е во склоп на Дамјанско-бучимската палеовулканска област, која зафаќа површина од 26 км2.[1]
На падините на овој вулкански рид е сместено истоименото археолошко наоѓалиште, каде е откриена неолитска населба, како и градиште од римско време.
Особености
[уреди | уреди извор]Пилав Тепе е од десната страна на Маденска Река и има типичен конусест изглед, со истакнатост од околу 100-120 метри и надморска височина од 566 метри. Составена е од мошне цврсти, компактни андезити, што укажува на експлозивен вулканизам, кој е одреден како миоценски.[1]
Освен Пилав Тепе и соседната купа Плоча, на 1 километар источно од Пилав Тепе има уште едно конусно возвишение, кое најверојатно е паразитска купа на главниот вулкански центар.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Воздушен поглед на Пилав Тепе
- Поглед на Пилав Тепе
- Воздушен поглед на Пилав Тепе
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Пилав Тепе — археолошкото наоѓалиште во месноста
- Лакавичка Котлина
- Вулканизам во Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 Група автори (2016). „Вулкански купи Пилав Тепе и Плоча кај Шопур“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 143-144. ISBN 978-9989-110-90-0.
