Маденска Река
Маденска Река | |
---|---|
![]() | |
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Крива Лакавица |
• координати | 41°36′59.8″N 22°16′34.4″E / 41.616611° СГШ; 22.276222° ИГДКоординати: 41°36′59.8″N 22°16′34.4″E / 41.616611° СГШ; 22.276222° ИГД |
• надморска височина | 330 м |
Должина | 19,5 км |
Особености на сливот |
Маденска Река, Меденска Река или Тополничка Река — река во Источна Македонија и десна притока на реката Крива Лакавица.
Течение[уреди | уреди извор]
Реката извира во западниот дел на планината Плачковица. Нејзиното течение е низ Лакавичко, западно од градот Радовиш, покрај патот Штип-Радовиш. Се влева во реката Крива Лакавица од нејзината десна страна.[1]
Хидрографија[уреди | уреди извор]
Маденска Река е долга 19,5 км.[2] Нејзиниот извор е на надморска височина од 950 м, а вливот на надморска височина од 330 м, со што висинската разлика изнесува 620 м. Сливно подрачје на реката е со вкупна површина од 65,35 км2.[1]
Стопанство[уреди | уреди извор]
По течението на реката во горниот тек е изградено Тополничко Езеро коешто служи за прибирање на отпадниот материјал (јаловина) од преработката на бакарната руда ископана од околниот рудникот „Бучим“.[2]
Знаменитости[уреди | уреди извор]
По течението на реката, јужно од штипското село Шопур, е сместено археолошкото наоѓалиште Мадемска Река коешто е остаток од рудник од римско време.
Галерија[уреди | уреди извор]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Крива Лакавица
- Лакавичко
- Дамјан
- Тополница
- Мадемска Река — археолошко наоѓалиште
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 46. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- ↑ 2,0 2,1 „Извештај од извршената ревизија на Студијата за последиците од поплавен бран за степенот на изграденост на круната на браната „Тополница" за кота 630 м.н.в.“ (PDF). Штип: Рударско-геолошки факултет - Штип. декември 2014. Посетено на 29 април 2022.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Маденска Река на Ризницата ?