Марков Град
![]() Остатоци од ѕидините на Марков Град | |
Местоположба | 41°56′58″N 21°17′29″E / 41.94944° СГШ; 21.29139° ИГДКоординати: 41°56′58″N 21°17′29″E / 41.94944° СГШ; 21.29139° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Матка |
Општина | Сарај |
Тип | |
Период | доцноантичко време |
среден век | |
Портал „Археологија“ |
Марков Град — археолошко наоѓалиште во скопското село Матка, Општина Сарај. Претставува тврдина (кастел) од доцноантичко време (V-VI век)[1] и укрепен манастир и збег од средниот век. Лежи на северниот крај на долгата клисура на Треска, 2 км југоисточно од Матка, близу Скопје. Претставува стрмен гребен на источните падини на планината Осој, 380 м високо над реката и 860 м н.м. Опколена е со многу стрмни карпести гребени и раседлини. Има пристап само по една тесна патека од североисток. Местото е скриено со повисоки карпи од сите страни и има поглед на теснецот на реката и тешката комуникација низ теснецот.
Најстари остатоци[уреди | уреди извор]
Во доцноантичко време местото било укрепено: ѕид од камен и малтер, широк 1,6—1,9 м, го опфаќал зарамнетиот врв и карпестиот гребен над него, каде што се издигала издвоена акропола. Укрепениот простор мермел 160 × 115 м (1,5 ха). Преку сондирање е истражуван станбениот слој; содржел парчиња од доцноантичка керамика и една монета од V век. Местото служело како непристапен збег.
Средновековни остатоци[уреди | уреди извор]

Акрополата на стариот збег била обновена во XIV век: тука е изградена црквата на Св. Недела и северно од неа две манастирски градби. Новото обѕидие денес е добро сочувано на западната страна (со порта) и од север и североисток. Евидентна е бројна доцносредновековна грнчарија (од манастирската трпезарија и магацините). Начинот на градењето на црквата и остатоците од ѕидното фрескосликарство упатуваат на доцниот XIV век, како и црквата на Св. Андреја во подножјето на гребенот, на работ на денешното акумулационо езеро.
Во доцното средновековие позначајните манастири во Источниот Медитеран (на Света Гора — Атос, во Мала Азија, Сирија, Палестина, Синај, Грција), биле мета на чести ограбувачки напади како на воени одреди на нехристијанските земји така и на христијанските. По Битката на Марица (1371) и на Косово (1389), кога турските одреди упаѓаат во македонските краишта пред конечната и целосна окупација, повеќе македонски манастири биле укрепени (Зрзе, Трескавец, Св. Георги кај Скопје). Веројатно тогаш и Матка станала крепост и збег за околината.
Галерија[уреди | уреди извор]
Поглед на манастирот и црквата Св. Андреја
Извори[уреди | уреди извор]
- В. Лилчиќ 1985, 185—196, и 1995, 1—153.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 378. ISBN 9989-649-28-6.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Крале Марко — Легенда за Марков град
- За Марков град — Матка, Света Недела, Бојана и Турчинот Архивирано на 29 септември 2007 г.
|
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од среден век
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на тврдина
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на кастел
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на збег
- Матка (село)
- Археолошки наоѓалишта во Општина Сарај
- Археолошки наоѓалишта во Скопско
- Тврдини во Скопско
- Тврдини во Македонија
- Знаменитости во Скопје