Прејди на содржината

Кале (Бучин)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кале

Карта

Местоположба 41°24′26″N 21°09′20″E / 41.40722°N 21.15556°E / 41.40722; 21.15556
Основни податоци
МестоБучин
ОпштинаКрушево
Тип

 населба


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Калеархеолошко наоѓалиште во крушевското село Бучин. Претставува утврдена населба од доцноантичкото време. Се наоѓа на 1,5 до 2 км јужно од селото, на надморска височина од 842 м, на зарамнето плато, каде се гледаат грамади од камен. По површината се среќаваат фрагменти од питоси и керамички садови. Најдени се и монети од Јустин II и Анастасиј, како и монети од IV век, кои се чуваат во Заводот и Музеј во Битола.[1] Мештаните го нарекуваат Будимград.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 978-9989-101-06-9