Долнолешничка тврдина
„Кале“
| |
![]() Куполата на наоѓалиштето | |
Местоположба | 41°55′24″N 20°54′48″E / 41.92333°N 20.91333°E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Долна Лешница |
Општина | Желино |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
среден век | |
Портал „Археологија“ |
Долнолешничка тврдина или Кале — археолошко наоѓалиште 1,5 кмјужно од тетовското селото Долна Лешница. Претставува утврдување од доцноантичко време и средниот век покрај стариот напречен пат Скопје — Охрид, што на делницата Групчин — Стенче го сечел предгорјето на Сува Гора. Претставува 90 м висока чука над составот на две рекички; има стрмни падини и пристапна е преку едно мало седло од југ што ја дели од повисоките ридови.
Наоди
[уреди | уреди извор]Најстари остатоци
[уреди | уреди извор]Околу врвот се гледаат остатоци од доцноантичко обѕидие (камен со малтер) што затвора овален простор од 0,3 ха. На јужниот, највисокиот дел стоела голема кула.
Наоди
[уреди | уреди извор]Доцноантичка грнчарија и монети од доцниот IV и VI век. Стражата го контролирала патот Скупи — Лихнид, во планинските долинки помеѓу Скопското и Полошко поле.
Средновековни остатоци
[уреди | уреди извор]Обѕидието, обновено во VI век останало добро запазено и подоцна. Можеби кулата била обновувана и подоцна. Во бурните настани од X до XIII век патот Охрид — Скопје играл значајна стратешка улога а со него и стражата кај Долна Лешница. Во неа, во кулата, диво се ископани сребрени византиски монети (Константин X, 1059—1067) и дваесет железни врвови за џилити, за пробивање панцир.
Очигледно е дека крепоста кај Долна Лешница била користена во спомнатото време, можеби само повремено, за да го чува патот на тој дел.

|
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од среден век
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на утврдување
- Долна Лешница
- Археолошки наоѓалишта во Општина Желино
- Археолошки наоѓалишта во Тетовско
- Тврдини во Полог
- Тврдини во Македонија