Византиски монети

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Солид на Јустинијан II, по 705 г.

Византиски монетипарите Источното римско царство по падот на Западното, кои претежно се состоеле од два вида монети: златниот солид и различни бронзени пари со јасно истакната вредност. Кон крајот на царството се издавале само сребрени ставратони и ситни бакарни парички.[1]

Иконографија[уреди | уреди извор]

Рановизантиските монети ја следат доцноримската традиција: на лицето прикажаа главата на царот од напред наместо од страна, а на опачината најчесто бил претставен христијански симбол како крст, Победата или ангел. Јустинијан II прв почнал да отстапува од ова, прикажувајќи го Исус Христос на предната, и половичен или целосен портрет на царот на задната страна. Овие новини го навеле калифот Абдул Мелик да ги измени арапските монети, кои дотогаш изгледале како византиските, но со исламски симболи. Подоцна ова ќе се претвори во посебен исламски стил на монети, со зборови од двете страни. Ваквите пари продолжиле да се корсистат во сите исламски земји сè до XX век.

40 нуми (М) и 5 нуми (Е) на Анастасиј I

Парите со ваков изглед престанале да се коваат во периодот на иконоборство, а по него останале како стандардни со крајот на царството.

Во X век се ковале пари со со биста на Исус на лицето наместо портрет на царот, на чија опачина стоело „ХРИСТОС/вАСИЛЕВ/вАСИЛЕ“, „Христос — Цар над Царевите“

Византиските монети со тек на време станувале сè потенки и поголеми, за на крајот да станат толку тенки, што лесно се виткале со рака. Сепак, нивниот престиж бил голем, а изгледот бил имитиран од европските владетели сè до падот на Византија

Апоени[уреди | уреди извор]

Според нумизматиката, византиските пари почнуваат со платежната реформа на царот Анастасиј во 498 г. со која се воведува златен солид и бронзен нум. Нумот е многу ситна паричка со пречник од 8 до 10 мм и тежина од 0,56 или 1276 од римската либра.[2] Ова се покажало некорисно поради тоа што требало голем број монети дури и за мали плаќања.

Половина фолис (20 нуми) со ликот на Јустинијан I. На опачината се забележува знакот К.

Властите вовеле нови бронзени монети, содржатели на нумот, како што се онаа од 40 нуми (наречена и „фолис“), 20 нуми, 10 нуми и 5 нуми (повремено се ковале и други апоени). На лицето бил прикажан високостилизиран портрет на царот, а на опачината стоела вредност на апоенот претставена со грчки бројки (М=40, К=20, I=10, Е=5). Сребрените монети се правеле ретко.

Милијарезион со ликот на Роман III

Единствената сребрена монета која се ковала редовно бил хексаграмот, воведен од Ираклиј I во 615 г. и траела до крајот на VII век.[3][4] Се изработувала со различна чистота и тежина од 7,5 до 8,5 грама. Оваа пара подоцна била заманета со милијарезионот воведен како обреден од Лав III Исавријанин околу 720 г., кој станал стандарден во 830 г. и бил се користел сè до крајот на XI век, кога е укинат бидејќи станал многу примесен. Во овој период, поситниот промет се одвивал со бронзени монети.

Златниот солид или „номизма“ се задржал како стандард во меѓународната трговија сè до XI век. Во 30-тите години на XI век за време на царот Роман III Аргир (1028–1034) почнал да обезвреднува со примеси, но дотогаш ја одржувал чистотата на 0,955–0,980.

Истаменон Константин VIII.

Паричниот систем на Византија се изменил во VII век, кога парата од 40 нуми (наречена и „фолис“), која сега била значајно помала, станала единствената бронзена монета што се ковала редовно. Иако Јустинијан II (685–695 и 705–711) се обидел да му ја поврати големината на фолисот од времето на Јустинијан I, оваа монета продолжила постепено да се намалува во димензии.

На почетокот на IX век е направен обид пазарот да прифати употреба на полесни монети со вредност на дотогашните, па така, напоредно со обичниот е воведен и солид со тричетвртинска тежина, запазувајќи ја истата чистота. Оваа монета со тежина 1112 била наречена „тетартерон“ (четвртник), додека пак солидот со полна тежина го добил називот „истаменон“. Тетартеронот не се покажал како успешен и се ковал само порвремено во текот на X век. Солидот со полна тежина бил 172 римска либра, или приближно 4,48 грама. Во оптек биле и солиди со тежина намалена за една силиква, наменети за тргување со Блискиот Исток. Овие пари имале ѕвезда од обете страни и тежеле 4,25 г.

Византискиот солид бил ценет во западна Европа, каде со време го добил називот „бизант“ поради своето потекло. Подоцна поимот продолжил да се употребува во хералдиката за чесната фигура „златен круг“.

Реформите на Алексиј I[уреди | уреди извор]

Штитест хиперпирон на Мануил I Комнин.

За време на царот Роман IV Диоген (1067–1071), солидот се правел со 15% злато. Алексиј I Комнин (1081–1118) го укинал и вовел единица со многу поголем удел на злато (,900-,950) наречена „хиперпирон“, тешка 4,45 грама.

Хиперпиронот бил малку помал од солидот. Воведен е заедно со електонот „аспрон трахи“, вреден 1 хиперпирон и околу 25% злато и 75% сребро, билонскиот аспрон трахи или „стаменон“, со вредност од 148 хиперпирон и 7% посребреност, како и бакарните „тетартерон“ и „нумион“ со вредност од 118 и 136 аспрон трахи.[5]

Реформите на Андроник II[уреди | уреди извор]

Билонска владбната пара на Анроник I, XII век

Андроник II вовел нови монети по образец на хиперпиронот: сребрениот милијарезион или „василика“ со вредност 112 хиперпирон и билонска „политика“ со вредност од 196 хиперпирон.[5] Заедно со бакарната асарија, турнезија и фолара, василиоконот претставува имитација на венецискиот дукат и бил во оптек педесет години, почнувајќи од 1304 г.[6]

Хиперпиронот редовно се ковал и користел сè до 50-тите години на XIV век, а потоа станал чисто сметковна единица. По 1400 г., византиските пари станале незначајни, а за сметка на нив се наметнале италијанските монети.

Овие штитести парички наречени „трахи“ се ковале во електонска (со примесно злато) и билонска варијанта (примесно сребро). Причините за ваквиот облик не се јасно познати, но се претпоставува дека целта е полесно складирање.

Реформа во 1367 г.[уреди | уреди извор]

Половина ставратон на Мануил II Палеолог, 1391–1423 г.

Во текот на последнат фаза, византиските власти престанале да изработуваат златни пари и ги замениле со сребрени. Апоенот бил ставратион со вредност 1, 12, 18[1] и 116.[6][7] Се ковале и бакарни монети наречени „фолари“ и „торнеси“.[8]

Споредба на апоени[уреди | уреди извор]

Анастасиј I[9] (по 495 г.)
Солиди Фолиси Половини фолиси Десет нуми Пет нуми Нум
Солид 1 420 840 1680 3360 16 800
Фолис 1420 1 2 4 8 40
Половина фолис 1840 12 1 2 4 20
Десет нуми 11680 14 12 1 2 10
Пет нуми 13360 18 14 12 1 5
Нум 116 800 140 120 110 15 1

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „The Story of Constantine XI; The Last Byzantine Emperor (1448-1453 AD)“. 8 May 2008. 
  2. „The Story of Justinian“. Tulane.edu. конс. 8 May 2008. 
  3. „Greek and Roman Coins“. Cngcoins.com. 8 May 2008. 
  4. „Byzantine coins“. Doaks.org. 8 May 2008. 
  5. 5,0 5,1 „History 303: Comnenian and Palaeogian Ages“. Tulane.edu. конс. 2013-09-08. 
  6. 6,0 6,1 „The Basilicon Episode (1304–ca. 1367)“. Doaks.org. 8 May 2008. 
  7. „Manuel II Paleologus“. Dirtyoldcoins.com. конс. 2013-09-08. 
  8. „The Stavraton Period (14th–15th centuries)“. Doaks.org. 8 May 2008. 
  9. „History 303: Justinian and Heraclius“. Tulane.edu. конс. 2013-09-08. 

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]