Градишки В’р (Градиште)

Координати: 42°00′42″N 21°53′28″E / 42.01167° СГШ; 21.89111° ИГД / 42.01167; 21.89111
Од Википедија — слободната енциклопедија
Градишки В’р

Карта

Местоположба 42°00′42″N 21°53′28″E / 42.01167° СГШ; 21.89111° ИГД / 42.01167; 21.89111
Основни податоци
Место Градиште
Општина Куманово
Тип

 населба  градиште


Период бакарно време
доцноантичко време
Портал „Археологија“

Градишки В’р или Градиштеархеолошко наоѓалиште во кумановското село Градиште. Претставува населба од бакарно време и утврдено градиште од доцноантичкото време.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Се наоѓа на 1,5 км јужно од селото, на извесна далечина десно од патот Куманово - Св. Николе (Р1204), на високиот рид наречен Врв со елипсовидно зарамнето плато, кој во извесна смисла претставува меѓа помеѓу областите Жеглигово и Овче Поле. Во археолошката литература е познат под името Градиште, а кај мештаните уште и како Трница.

Опис и ископување[уреди | уреди извор]

По рабовите на платото се гледаат остатоци од одбранбен бедем широк од 1,80 до 2,50 м, наместа зачуван во висина повеќе од 0,50 м. Највисоката положба на платото (акрополот) е издвоена со темели од два ѕида. По површината, која зафаќа простор од околу 6 ха, се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и расфрлен градежен материјал.

Во 1988 г. од страна на војската се копани ровови при што биле оштетени темели од повеќе објекти, а истовремено бил исфрлен многуброен археолошки материјал. Од подлабоките слоеви потекнува бакарновременска (енеолитска) керамика со типолошки сличности со керамиката од културната група Бубањ-Салкуца-Криводол. Керамиката од погорните слоеви има белези типични за III-IV век.

Со оглед на стратешката положба на местото и на неговата големина, Б. Ѓеорѓиевски претпоставува дека можеби се работи за градската населба Анаусаро, оддалечена 11 римски милји од Акве односно 35 милји од Стоби, што се наоѓала на патот Скупи-Стоби, според Појтингеровата табла. Градиштето зафаќа простор од околу 6 ха.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]