Голем Град (Коњско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ова е статија за археолошкото наоѓалиште. За самиот остров видете Голем Град
Голем Град
археолошко наоѓалиште
Golem grad.svg

Карта на археолошките наоѓалишта на островот Голем Град

Голем Град is located in Археолошки локалитет во Македонија
Голем Град
Голем Град
(Грешка во скриптата: Нема модул наречен „Location map/old“.)
Местоположба 40°52′0″N 20°59′0″E / 40.86667° СГШ; 20.98333° ИГД / 40.86667; 20.98333Координати: 40°52′0″N 20°59′0″E / 40.86667° СГШ; 20.98333° ИГД / 40.86667; 20.98333
Основни податоци
Име Голем Град
Место Коњско, Преспанско
Општина Ресен
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба Археомак 2.0 графички знак (црква).svg црква

Период неолитско време
хеленистичко време
римско време
Портал „Археологија“  • Проект „Археомак“

Голем Градархеолошко наоѓалиште на островот Голем Град во Преспанското Езеро. Претставува населба од неолитско, хеленистичко и римско време, црква и некропола од римско време и средниот век. Се наоѓа во југозападниот дел на Преспанско Езеро, на граничната тромеѓа со Грција и Албанија. Има површина од 18 хектара и претставува природна тврдина со висина од 30 метри над нивото на езерската вода. Уште во 1898 година П. Н. Миљуков го посетил островот и ги регистрирал фреските во црквите „Св. Петар“ и „Св. Димитрија“, денес урната. Ископувања се изведени во 1967/68 година, потоа од 1980 до 1990 година, при што се откриени неолитски артефакти, темели од станбени објекти од хеленистичкото и римското време, основи од две старохристијански еднокорабни цркви, една црква од средниот век (Св. Димитрија), една цистерна од римското време и 102 гроба од римскиот и средновековниот период (II до XIV век) без прекин. Ѕидовите на црквите биле прекриени со фрески, а подовите спорадично со мозаици. Накитот од гробовите е изработуван од бронза, сребро, јантар, стаклена паста и злато. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Ресен.[1]

Објекти[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069