Свети Димитрија — една од некогашните седум цркви на преспанскиот остров Голем Град и се наоѓна на неговиот јужен дел. Црквата се наоѓа во урнатини и покрај фрагментите од фреските, тука е пронајдена стара римска цистерна од доцната антика. Кога во средниот век таа веќе немала никаква употреба затоа што античката населба веќе не постоела, монасите ја забележале оваа градба која била доста добро сочувана ја преградиле, ја преуредиле и ѝ додале олтарен простор со што ги добила сите елементи на црква. Потоа ја живописале.[1]
↑Валентин Васильевич Седов, Н. Н. Гринëв, Валентин Лаврентьевич Янин (1998). Труды VI Международного Конгресса славянской археологии (4. изд.). Институт археологии (Российская академия наук). ISBN5901006607.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)