Кременица (Долна Бела Црква)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кременица
археолошко наоѓалиште
Кременица is located in Македонија
Кременица
Местоположба на Кременица во Македонија
Местоположба 41°2′29.82″N 21°2′45.66″E / 41.0416167° N; 21.0460167° E / 41.0416167; 21.0460167Координати: 41°2′29.82″N 21°2′45.66″E / 41.0416167° N; 21.0460167° E / 41.0416167; 21.0460167
Основни податоци
Име Кременица
Место Долна Бела Црква
Општина Ресен
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба

Период неолитско време
Портал „Археологија“

Кременицаархеолошко наоѓалиште во преспанското село Долна Бела Црква. Претставува населба од неолитското време. Се наоѓа на околу 1 км североисточно од селото, од левата страна на главниот пат што води кон источниот брег на Преспанското Езеро, непосредно до раскрсницата каде што се спојува со патот за Долна Бела Црква, каде во во ниви на месни жители по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, кремени орудија и камени секири. Неколку фрагменти имаат орнаменти изведени во импресо - техника.[1]

Во периодот од 2011 до 2013 година со помош на Министерството за култура на Македонија, во населбата биле вршени нови ископувања и истражувања. При тоа биле откриени 4 објекти за живеење од типот полуземјанки. На истражениот сегмент од наоѓалиштето, остатоците од населбата се манифестираат преку вкопани станбени структури, јами, огништа и остатоци од дрвени колци кои се густо дистрибуирани во просторот.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  2. Откриена неолитската населба Кременица во преспанскиот регион (фото)