Прејди на содржината

Слатина (Златари)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Слатина“

Карта

Местоположба 41°7′2.64″N 21°3′46.8″E / 41.1174000°N 21.063000°E / 41.1174000; 21.063000
Основни податоци
МестоЗлатари
ОпштинаРесен
Тип

 населба


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Слатина — археолошко наоѓалиште во преспанското село Златари. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на десната страна од патот за Ресен, на 2,5–3 км јужно од селото, каде на блага падина што се спушта кон запад при обработувањето на нивите мештаните откриле темели од објекти ѕидани од кршен камен и кал. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и водоводни цевки. Месен жител при орање на својата нива, открил питос во кој имало земјоделски алатки. Наодите се загубени.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069