Св. Недела (Асамати)

Координати: 40°59′11″N 21°3′3″E / 40.98639° СГШ; 21.05083° ИГД / 40.98639; 21.05083
Од Википедија — слободната енциклопедија
Св. Недела

Карта

Местоположба 40°59′11″N 21°3′3″E / 40.98639° СГШ; 21.05083° ИГД / 40.98639; 21.05083
Основни податоци
Место Асамати
Општина Ресен
Тип

 населба


Период бронзено време
Портал „Археологија“

Св. Недела — археолошко наоѓалиште во преспанското село Асамати. Претставува населба од бронзено време. Се наоѓа на околу 500 м северно од селото и 100 м јужно од раскрсницата на патот МаказиПретор, на една блага височинка / тумба, која е доста развлечена од интензивните земјоделски работи. Во нивите во 1978-80 година е извршено заштитно археолошко ископување при што се откриени остатоци од куќа, градена од дрвена граѓа и кал, од крајот на бронзеното време. Подвижниот археолошки материјал го претставуваат множество керамички садови за секојдневна употреба, со различни димензии и форми, скромно украсени со вдлабнатини од прсти. Најдени се орудија од коска и камен, како и тегови и прешлени од земја. Неколкуте групи од фрагментирани керамички садови асоцираат на грнчарска работилница. Средниот дел на куќата е уништен со вкопувањето на подоцнежен објект, со ѕидови дебели 1 м сувоѕидица, поставени во правец исток-запад, организирани во облик на буквата П. Функцијата и временската припадност на овој објект не можеле да се определат. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Ресен.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069