Прејди на содржината

Кале (Шурленци)

Координати: 41°00′16″N 20°55′41″E / 41.00444° СГШ; 20.92806° ИГД / 41.00444; 20.92806
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кале

Карта

Местоположба 41°00′16″N 20°55′41″E / 41.00444° СГШ; 20.92806° ИГД / 41.00444; 20.92806
Основни податоци
Место Шурленци
Општина Ресен
Тип

 тврдина


Период среден век
Портал „Археологија“

Кале (Калето) — археолошко наоѓалиште во преспанското село Шурленци. Претставува тврдина од средниот век. Се наоѓа југозападно од селото, каде што се издига ридот Магарица, на кој доминира над брегот на Преспанското Езеро и над патот што води за Отешево и Стење. На самиот врв има висорамнина, издолжено во правец исток-запад и со површина од 5-6 хектари, на кое се наоѓаат остатоци од бедем ѕидан од камен и кал, широк 1 метар и со височина наместа зачувана до 2 метри. На јужната страна има остатоци од три одбранбени појаси од ѕидови, наредени еден под друг. Во внатрешниот простор на тврдината се забележуваат темели од помали објекти и множество градежен материјал.

Според истражувањата на Томо Томоски, се работи за утврдениот град Константион, кој постоел во XI век.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069