Черти Камен

Од Википедија — слободната енциклопедија


Местоположба 40°58′46″N 20°55′00″E / 40.97944° СГШ; 20.91667° ИГД / 40.97944; 20.91667Координати: 40°58′46″N 20°55′00″E / 40.97944° СГШ; 20.91667° ИГД / 40.97944; 20.91667
Основни податоци
Место Отешево
Општина Ресен
Тип

Археомак 2.0 графички знак (светилиште).svg светилиште


Период среден век
Портал „Археологија“

Черти Каменархеолошко наоѓалиште во преспанското село Отешево. Претставува голема варовничка карпа помеѓу патот Отешево-Царина и Преспанското Езеро, која во минатото претставувала мал остров, употребувана до ден денес како пештерна црква. Врз основа на името (Од старословенски *čьrtъ, основен превод: „ѓавол“, „демон“, „зол дух“[1]), постоечките запишани преданија, кои според месните жители карпата ја поставиле „ѓаволите“ со цел да го запрат протокот на вода од Преспанското Езеро под Галичица и со тоа да ја поплават Преспанската Котлина, меѓутоа биле спречени од Св. Ѓорѓи, и „преживеаната“ сакрализација, постои можност дека се работи за локација на старо, паганословенско светилиште.[2]

Поврзано[3][уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Yakubovich I., The Slavic Draughtsman, In: Hansen B. S. S. et al. (eds.), Etymology and the European Lexicon: Proceedings of the 14th Fachtagung Der Indogermanischen Gesellschaft, Wiesbaden 2017, 530-540.
  2. Eftimovski I., Предлог проект - Архео. парк „Шурленско..“, 124-137 AXIOS Vol. 3, 2018 | ISSN: 2545-4285
  3. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069