Куќишта (Штрбово)
Куќишта — археолошко наоѓалиште во преспанското село Штрбово. Претставува населба од среден век. Се наоѓа во подножјето на Баба Планина, на околу 2 км источно од селото на зарамнета површина на која се присутни грамади од кршен камен, покривни ќерамиди и друг градежен материјал. Според исказите на мештаните, до пред Втората светска војна биле видливи темели од неколку објекти.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Грамада — населба од доцноантичко време;
- Крес — црква и некропола од средниот век;
- Гура — населба од доцноантичко време;
- Нивје — црква и некропола од средниот век;
- Штрбово;
- Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |