Гимбабица (Избишта)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гимбабица
археолошко наоѓалиште
Гимбабица is located in Археолошки локалитет во Македонија
Гимбабица
Гимбабица
(Грешка во скриптата: Нема модул наречен „Location map/old“.)
Местоположба 41°07′54″N 21°00′14″E / 41.13167° СГШ; 21.00389° ИГД / 41.13167; 21.00389Координати: 41°07′54″N 21°00′14″E / 41.13167° СГШ; 21.00389° ИГД / 41.13167; 21.00389
Основни податоци
Име Гимбабица
Место Избишта
Општина Ресен
Тип

Археомак 2.0 графички знак (некропола).svg некропола

Период хеленистичко време
Портал „Археологија“  • Проект „Археомак“

Гимбабица е археолошки локалитет во преспанското село Избишта. Локалитетот претставува некропола од хеленистичко време. Се наоѓа северно од селото, каде при реконструкцијата на патот Ресен-Охрид, во 1953 година се откриени неколку гробови. Во гробовите биле најдени два целосно зачувани кантароса и една чинија. Кантаросите се со црн фирнајс, а чинијата со окер боја. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Охрид.[1]

Второ истражување[уреди | уреди извор]

По 65 години приказната за оваа некропола останала затворена, сè до нејзиното повторно актуелизирање во 2018 година кога започнале археолошки истражувања под раководство на м-р Перо Арџанлиев потпомогнат од неговиот стручен тим, Илија Бошковски, Радомир Ивановиќ, Игор Ефтимовски и Роберт Поповски.

Во археолошките истражувања од 2018 година овој локалитет бил точно лоциран и хронолошки потврден, а во 2019 година фокусот на истражувањето на археолозите бил насочен кон добивање на повеќе информации за ширењето и организацијата на некрополата, погребниот ритуал кај античките Преспанчани и одликите на нивната материјална култура. Периодот од 3 кон 4 век пр.н.е бил исполнет со промени во начинот на живот во Охридско-Преспанскиот регион, културните текови и општествено уредување, а тој период на промени бил јасно изразен и во двете различни погребни форми засега откриени на Гимбабица. Истражувањата од 2019 година потврдиле дека оваа некропола е постара, некои гробови датираат од 4 век.пр.н.е.

Оваа раноантичка некропола е позната и како вечно почивалиште на воини, дами и металурзи кои живееле пред повеќе од 2.300 години. На војничката култура меѓу жителите на заедниците кои се погребувале кај Гимбабица укажуваат откриените копја и ножеви, откриените бронзени садови за вино, бронзен накит, ѓердан од стаклени перли и сл. даваат информации за нивниот вкус, откриениот стригил (метална алатка за стругање нечистотии од кожата) и железната алатка се претпоставува дека се користеле за некаква рударска или металообработувачка дејност. Рудните резерви на регионот веројатно биле и основата за богатството на заедницата која ја формирала далеку попознатата Требенишка некропола.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069