Анче (Крани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Анче
археолошко наоѓалиште
Анче is located in Археолошки локалитет во Македонија
Анче
Анче
(Грешка во скриптата: Нема модул наречен „Location map/old“.)
Местоположба 40°56′21″N 21°06′30″E / 40.93917° СГШ; 21.10833° ИГД / 40.93917; 21.10833Координати: 40°56′21″N 21°06′30″E / 40.93917° СГШ; 21.10833° ИГД / 40.93917; 21.10833
Основни податоци
Име Анче
Место Крани
Општина Ресен
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба

Период хеленистичко време
Портал „Археологија“  • Проект „Археомак“

Анче е археолошки локалитет во преспанското село Крани. Локалитетот претставува рибарска населба од хеленистичко време. Се наоѓа на околу 500 m северно од автокампот на летувалиштето Крани,каде со опаѓањето на нивото на Преспанското Езеро, во 1989 година, на површина од околу 300 x 100 m се појавиле повеќе пунктови со остaтoци од објекти. Откриени се 25 простории градени од кршен камен во сувоѕидица, со дебелина од 70 cm и зачуван само еден дел од ѕидот. Со заштитните археолошки ископувања се истражени два хоризонта на живеење, од кои едниот е жолт песок - нанос, а вториот слој е песок и глина, сива боја, во кој има фрагменти од керамички садови. Дебелината на овој слој изнесува 10-20 cm. Поради појавата на вода не е можно понатаму да се следи. Другата група градби ја сочинуваат 12 кружни јами изградени од големи камени блокови, сувоѕидица. При ископувањето на овие јами не се нашло на културен слој. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Ресен.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069