Ружин Гроб (Асамати)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ружин Гроб

Карта

Местоположба 40°59′11″N 21°3′3″E / 40.98639° СГШ; 21.05083° ИГД / 40.98639; 21.05083Координати: 40°59′11″N 21°3′3″E / 40.98639° СГШ; 21.05083° ИГД / 40.98639; 21.05083
Основни податоци
Место Асамати
Општина Ресен
Тип

 тумул


Период железно време
Портал „Археологија“

Ружин Гроб — археолошко наоѓалиште во преспанското село Асамати. Претставува тумул од железно време. Се наоѓа на 1,5 км северно од селото, во непосредната близина на езерскиот брег. Тумулот има пречник во основата од 15-20 м и зачувана височина од 1,5 м. Западната половина му е оштетена во Втората светска војна, со изградбата на бункер. Во 1976 година Музејската збирка од Ресен извршила пробни сондажни ископувања, при што се откриени два гроба со секундарно погребување. Гробовите биле градени од камен, а имале под од тегули. Гробни прилози не биле најдени.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069