Сливнички манастир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сливнички манастир
Влезот на манастирот
Информации
Целосно имеМанастир „Рождество на Пресвета Богорорица“ - Сливница
Други имињаСлимнички манастир
Манастир на:МПЦ - ОА
Основан1607
Посветен наБогородица Марија
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
Цркви„Рождество на Пресвета Богорорица“
„Св. Спиридон“
Личности
Место
Местосело Сливница, Општина Ресен, Преспа, Македонија Македонија
Координати40°58′41″N 21°06′01″E / 40.97806° СГШ; 21.10028° ИГД / 40.97806; 21.10028Координати: 40°58′41″N 21°06′01″E / 40.97806° СГШ; 21.10028° ИГД / 40.97806; 21.10028
Видливи остатоци1 црква, 1 параклис, конаци, помошни објекти
Оторен за јавностда
Други информации(Подмочанско-љубојнска парохија)

Сливнички манастир — средновековен манастир во долнопреспанското село Сливница.[1] Комплексот е сместен на 3 километри од истоименото село, на падините на Баба Планина.

Манастирката црква „Рождество на Пресвета Богородица“ била изградена и зографисана во 1607 година. За манастирот е издадена и книга од страна на д-р Донка Барџиева-Трајковска.[2]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Манастирот се наоѓа на 3 километри од селото Сливница во густата листопадна шума на еден стрмен и длабоко засечен дол на западната падина на планината Баба, високо над источниот брег од Преспанското Езеро.[3]

Во манастирот има и лековита вода.

Историја[уреди | уреди извор]

Манастирот е подигнат во 1607 година, и според описот е граден во три фази, и тоа од 1607, од 1612 и главно во 1645 година. Од тој период потекнува и живописот во храмот, како и дрвениот иконостас со престолните икони, царските двери и големиот крст.[4]

Пред 100 години околу манастирот се простирала огромна борова шума која изгорела во пожар.

Во склоп на манастирот има конаци кои ги користат жителите на Преспа. Конаците се изградени при крајот на XVII век и на два пати биле опожарени. Обновата на овој средновековен манастир започнала во 1996 година. Сега во манастирскиот двор има има 20 конаци со 90 легла. За време на летото во конаците доаѓаат верници кои тука преспиваат. Обновена е трапезаријата и кујната, а направен е и санитарен чвор.

Изградба[уреди | уреди извор]

Манастирот е граден со помош на сите околни села и од населението од подалечните места. Најголемо учество во изградбата на манастирот според натписот над вратата во манастирот дале следниве лица: Михаило Петков од Битола (9000 гроша), неговиот брат Грујо (1000 гроша), Стојко Милев од Сливница, Стојан и Милко од Ротино, Битола (1000 гроша), Тодор од Љубојно, Јосиф од Харвати (Арвати) и еромонах Стефан од Кономлати (1000 гроша), Сотир и неговиот брат Никола од Бохуно денешно Болно по 500 гроша, еромонах Стефан и Михаил и други.[5]

Манастирот од сите страни бил опколен со згради. Се влегувало низ две големи и две помали порти. Во горните делови на зградата се наоѓале простории за престој на гости. Некои од собите биле сопственост на селата Болно, Љубојно, Герман, Кономлади, Горица, Битола, Прилеп, Костур и др. Во манастирот се наоѓала најголемата библиотека, но грчкиот владика, целиот библиотекарски фонд го изгорел, поради тоа што бил на славјански. Палењето траело цела недела на три огништа. Во манастирот постоело и училиште во кое учеле и работеле деца од околните преспански села каде учители биле свештениците.

Црква[уреди | уреди извор]

Живописот во олтарот и наосот на храмот е изведен од зографска тајфа од која се издвојува работата на двајца мајстори. Тие успеале да пренесат содржина од сложена тематско-иконографска програма, особено карактеристична во наосот, каде се испреплетени сцени од неколку циклуси: Големите Христови Празници, Страдања и Параболи. Посебна ликовна разработка добил Христос-агнец на кого му се поклонуваат архиереите. На јужниот ѕид во олтарот е насликан Св. Кирил Филозоф со што Сливничкиот Манастир добил уште еден од повекето показатели за нагласениот однос на неговите ктитори кон словенската црковна традиција. Најголема специфика на овој живопис е портретот на младиот битолчанец Купен кој добил значајно место во олтарната програма кој е насликан со посебно внимание.

Присуството на првиот мајстор е нагласено кај претставите во олтарот и сводот, фигурите во првата зона на наосот и ликовите во повеќефигуралните композиции од втората зона. Вториот зограф се препознава по поизразениот шематизам вкочанетост на фигурите и посиромашната колорична палета.

Лековита вода за неродилки[уреди | уреди извор]

Во дворот на манастирот постои чешма за која се верува дека е света и лековита вода. Се смета дека водата која извира од под манастирската црква лечи од болести и помага за пород.[6]

Богородица[уреди | уреди извор]

Според сведочењата на десетици луѓе, Богородица неколку пати се појавила околу манастирскиот комплекс. Првите сведочења се појавуваат од времето на Првата светска војна, додека последното е забележано во 2006.[7]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  2. "'Св. Богородица" е ваЖен репрезент од пост -византискиот период" (македонски). понеделник, 16 октомври 2006. конс. 2009-10-05. 
  3. Јовановски, Владо (2005) (на македонски). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа. стр. 291. ISBN 9789989920554. https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/f/f8/%D0%9D%D0%B0%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BF%D0%B0.pdf. посет. 25 декември 2016 г. 
  4. Палигора, Ристо (декември 2011). "Студија за манастирски туризам на Баба Планина" (PDF) (македонски). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. конс. 11 декември 2016. 
  5. Ќорнаков, Димитар (2009) (на македонски). Македонски манастири. Скопје: Матица македонска. ISBN 9989-48-558-5. 
  6. "РЕПОРТАЖА: 400 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА МАНАСТИРОТ СВЕТА БОГОРОДИЦА". конс. 2009-10-05. 
  7. "Богородица се појавила во манастирот во Сливница" (македонски). 28.07.2007. конс. 2009-10-05. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]