Црква „Св. Илија“ - Грнчари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Илија
St. Elijah Monastery (Grnčari) 42.jpg

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Ресенско
Парохија Подмочанско-љубојнска
Местоположба

Координати 41°0′41.7″N 21°4′51.8″E / 41.011583° СГШ; 21.081056° ИГД / 41.011583; 21.081056Координати: 41°0′41.7″N 21°4′51.8″E / 41.011583° СГШ; 21.081056° ИГД / 41.011583; 21.081056
Место Грнчари
Општина Ресен
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Пророк Илија
Изградба XIII век
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабен

Св. Илијасредновековна црква и манастир во ресенското село Грнчари. Му припаѓа на Ресенското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]

Црквата „Св. Илија“ е сместена на 3 км југоисточно од селото и има улога на главен храм на Грнчарскиот манастир. Се претпоставува дека првично го носела името „Св. Никола“. Претставува мала еднокорабна градба, изградена од камен и тули и засводена со полукружен свод. На исток завршува со тристрана апсида однадвор.[2][3] Покривната конструкција е калканска, а единствениот влез е од запад. Меѓу камените партии има хоризонтални и вертикални редови од тули.[2]

Со времето направени се редица архитектонски промени врз градбата.[2] Од северната и јужната страна се поставени потпорки (контрафосрси).[4]

Во внатрешноста на црквата има живопис од два периода. Постариот е изработен во времето на изградба на храмот, што се смета дека е во првата половина на XIII век. Од него е зачуван фрагмент од композицијата „Успение Богородичино“ и од композицијата „Преображение Христово“. Втората фаза на зографисување е изработена при обновувањето на црквата. На натпис во композицијата „Дејсис“ се спомнуваат попот Димитар и син му Рајко како обновувачи на црквата „Св. Никола“. Зад иконостасот на јужниот ѕид е претставен св. Ахил, чиј култ е својствен за Преспа.[3][5][6]

Манастир[уреди | уреди извор]

Освен црквата, манастирскиот комплекс вклучува нови конаци, манастирска трпезарија, фурна, камбанарија и чешма со лековита вода.[2]

Слики[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Палигора, Ристо. Каталог Цркви и Манастири на Баба Планина. Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 19. Посетено на 2 јули 2015.
  3. 3,0 3,1 „Св. Илија, с. Грнчари, Преспа“. Macedonium. Посетено на 5 април 2014.
  4. Палигора, Ристо. Каталог Цркви и Манастири на Баба Планина. Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 20. Посетено на 2 јули 2015.
  5. Велев, Илија (1990). Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија. Наша Книга. стр. 90.
  6. Палигора, Ристо (декември 2011). Студија за поврзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба Планина (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 26. Архивирано на 28 декември 2013 г.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]