Гумниште (Горна Бела Црква)
Гумниште — археолошко наоѓалиште во преспанското село Горна Бела Црква. Претставува црква од средниот век. Се наоѓа на југоисточниот дел на селото, покрај патот што води за селото Долна Бела Црква, каде според кажувањето на мештаните, имало мала црква од која се зачувани само контурите на темелите, со приближни димензии од 10 м должина и 8 м ширина, со насоченост исток-запад.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |