Св. Архангел (Асамати)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Св. Архангел

Карта

Местоположба 40°59′11″N 21°3′3″E / 40.98639° СГШ; 21.05083° ИГД / 40.98639; 21.05083Координати: 40°59′11″N 21°3′3″E / 40.98639° СГШ; 21.05083° ИГД / 40.98639; 21.05083
Основни податоци
Место Асамати
Општина Ресен
Тип

 осамен наод


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Св. Архангел — археолошко наоѓалиште во преспанското село Асамати. Претставува осамен наод од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 200 м јужно од црквата „Св. Архангел Михаил“, на езерскиот брег, каде по смалувањето на нивото на водата се гледаат остатоци т.е. темели на три ѕида, паралелно поставени, со 4 м растојание помеѓу нив, во правец исток-запад, градени од речен камен. На западната страна ѕидовите навлегуваат во езерото, така што формата и димензиите на објектот сè уште не се определи. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и питоси.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069