Црква „Св. Архангел Михаил“ - Асамати

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Архангел Михаил
Викиекспедиција Преспа 381.jpg

Поглед на црквата

Македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Ресенско
Парохија Подмочанско-љубојнска
Местоположба
Координати 40°59′05″N 21°02′58″E / 40.98472° СГШ; 21.04944° ИГД / 40.98472; 21.04944Координати: 40°59′05″N 21°02′58″E / 40.98472° СГШ; 21.04944° ИГД / 40.98472; 21.04944
Населено место Асамати
Општина Ресен
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Архангел Михаил
Изградба 1636
Живопис кон крајот на XVII век
Архитектонски опис
Архитектонски тип еднокорабна
Портал „МПЦ“

Свети Архангел Михаил (од мештаните нарекувана Свети Арангел) — главна селска црква во селото Асамати, Општина Ресен, Македонија.[1]

Се наоѓа јужно од селото, покрај брегот на Големото Преспанско Езеро. Во дворот на црквата се наоѓаат селските гробишта.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Била изградена во 1636 година. Црквата од асамаштани уште е нарекувана и „Св. Њум“ (Свети Наум), но не се знае од која причина.[2]

Градба[уреди | уреди извор]

Црквата е еднокорабна со полукружна апсида. Била изградена од кршен и приделкан камен, покриена со двоводен кров од ќерамиди.[2]

Покрај малата еднокорабна градба, во поново време од јужната, западната и северната страна се прилепени помошни простории во вид на затворени тремови и се направени премалтерисувања на ѕидовите во наосот и дел од олтарскиот простор.[3]

Живопис[уреди | уреди извор]

Внатрешноста на црквата е живописана.[2]

Од зачуваниот натпис, што се наоѓа на источниот ѕид од олтарскиот простор, дознаваме дека црквата е живописана во четвртата деценија на XVII век. Сочуваното сликарство од олтарскиот простор е истовремено и најзначајната содржина што ја поседува овој мал храм, како едно веродостојно сведоштво за уметноста од првата половина на XVII век во Преспа. Тука се сочувани неколку композиции и поединечните ликови на „Св. Атанасиј“, „Св. Василиј“, „Св. Јован Златоуст“ и „Св. Григориј“, како учесници во архијерејската литургија, насликани во долната зона од нишата на апсидата. Над нив е „Св. Богородица“ со малиот Христос пред себе а во најгорната зона е композицијата со „Вознесението Христово“. Лево и десно од апсидалната конха се деловите од „Благовештението“ со ликовите на „Архангел Гаврил“ и „Св. Богородица“. Во малата полукружна ниша од протезисот, насликан е „Св. Првомаченик Стефан“. Од зачуваните партии, може да се констатира дека непознатиот автор на овие фрески поседувал значителни уметнички квалитети за времето во кое творел.[3]

Иконостас[уреди | уреди извор]

На високата олтарна преграда, која за жал ја затскрива највредната содржина од овој храм, поставени се неколку икони од 1931 година.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Јовановски, Владо (2005) (на македонски). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа. стр. 46. ISBN 9789989920554. https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/f/f8/%D0%9D%D0%B0%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BF%D0%B0.pdf. посет. 28 јануари 2016 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 Палигора, Ристо (декември 2011). „Студија за манастирски туризам на Баба Планина“ (PDF) (македонски). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. конс. 11 декември 2016. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]