Прејди на содржината

Градец (Гостиварско)

Координати: 41°53′45″N 20°54′15″E / 41.89583° СГШ; 20.90417° ИГД / 41.89583; 20.90417
Проверена
Од Википедија — слободната енциклопедија
Градец
Градец во рамките на Македонија
Градец
Местоположба на Градец во Македонија
Градец на карта

Карта

Координати 41°53′45″N 20°54′15″E / 41.89583° СГШ; 20.90417° ИГД / 41.89583; 20.90417
Општина Врапчиште
Население 3.934 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1241
Шифра на КО 07027
Надм. вис. 505 м
Градец на општинската карта

Атарот на Градец во рамките на општината
Градец на Ризницата

Градец — село во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар. Пред новата територијална поделба селото било дел од поранешната општина, Општина Неготино-Полошко.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Горни Полог во источното подножје на Шар Планина, оддалечено 15 километри северозападно од Гостивар.

Историја

[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Скопскиот Вилает и имало 105 христијански семејства и 3 вдовици христијани.[2]

Вкупно 5 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.024—    
19531.760+71.9%
19612.012+14.3%
19712.284+13.5%
19812.949+29.1%
ГодинаНас.±%
19913.751+27.2%
19944.077+8.7%
20024.555+11.7%
20213.934−13.6%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Градец живееле 760 жители, од кои 660 Албанци и 100 Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Градец имало 56 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Градец — село во Сенокоска општина во Долнополошкиот срез и има 174 куќи и 1.024 жители, Албанци и Македонци.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1.300 Албанци.[7]

Во 1961 година, бројот на населението изнесувало 2.012 жители, а во 1994 година 4.077 жители од кои најбројни се Македонците и Албанците.

Според пописот од 2002 година, во Градец живеат 4.555 жители, од кои 4.535 Албанци, 7 Македонци, 4 Бошњаци и 9 останати.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.934 жители, од кои 3.833 Албанци, 3 Роми, 3 Бошњаци и 95 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 760 56 1.024 1.760 2.012 2.284 2.949 3.751 4.077 4.555 3.934
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Градец е воглавно албанско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

Македонски

  • Староседелци: Јанковци (1 к.) тие имале иселеници во Тетово (две семејства), Романија (три семејства) и во Одеса (две семејства)

Турски

  • Доселеници: Бајрам Деде (3 к.) први муслимански доселеници во селото. Потекнувале од предокот Нуза База кој бил доселен од Мала Азија.

Албански

  • Доселеници: Дерала (66 к.) живеат во истоименото маало. Се делат на повеќе родовски гранки. Потекнуваат од предок кој се доселил од Хаса во северна Албанија. Имаат роднини во Жеровјане, Челопек и Голема Речица. А род со истото име постои и во прилепско (Горно Житоше); Дранче (23 к.) доселени се од областа Мат во северна Албанија. Некое време живееле и во селото Ѓургевиште каде имаат истоимени роднини; Чајан (5 к.) и Коко (7 к.) доселени се од областа Љума во северна Албанија; Фанде (4 к.) доселени се од местото Фанде во северна Албанија, западно од Љума. Порано биле католици; Кајлије (34 к.) доселени се од Калиса во северна Албанија. Таму живееле во местото наречено Дац. Го знаат следниот родослов. Асан (жив на 75 год. во 1947 година) Ќазим-Алил-Јонуз-Мифтар, кој се доселил во селото; Пособе (9 к.) живееле во истоименото мааало; Дано Ипи (4 к.) доселени се од местото Шат во северна Албанија; Меди (2 к.) доселени се од Горна Река, подалечно потекло од северна Албанија; Исен Оџа (2 к.) доселени се од некое полошко село. Подалечно потекло од северна Албанија; Љоче (14 к.) доселени се од северна Албанија. Го знаат следниот родослов. Ракип (жив на 52 год. во 1947 година) Рамадан-Рушит-Идриз; Хасо (3 к.) доселени се од Хаса во северна Албанија; Коцак (1 к.) доселени се од северна Албанија; Руфат (1 к.) доселени се од селото Горјане. Таму припаѓале на родот Велко, подалечно потекло од Мирдита во северна Албанија; Дога (5 к.) доселени се од северна Албанија; Куље (8 к.) доселени се од Хаса во северна Албанија; Авдија (1 к.) доселени се од планинското село Ѓурѓевиште. Подалечно потекло од северна Албанија; Коџија (4 к.) доселени се од северна Албанија; Изет (1 к.) и Беч (6 к.) доселени се од селото Раковец Подалечно потекло од Горна Река; Бајрам Шабан (9 к.) по потекло Горанци. Доселени се од селото Рестелица во Гора; Ашколар (4 к.) по потекло Горанци. Доселени се од областа Гора. Имаат роднини во селото Пирок; Оџол (1 к.) доселени се од раселеното село Поточане, порано зборувале македонски; Торбеши (4 к.) доселени се во 1916 година од некое село во областа Гора.

Роми

  • Доселеници: Рамаданови (5 к.) доселени се однекаде; Исенови (1 к.) доселени се од Тетово.[14]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постојат избирачките места бр. 445, 445/1, 446, 447 и 447/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 3.829 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]
  • Мехмет Паша Дерала (1843-1918) — албански политичар, прв министер за одбрана на Албанија; роден во с. Градец каде и поседувал големи пространства земја кои ги наследил од неговите предци. Од својата рана младост тој се школувал во најелитните тогашни институци во Истанбул, каде се здобил со знаења и вештини од политичките и војните војните науки.Му служел на империата како чиновник и војник долго време.Кога почна превирањата и движењата за слобода во бакан ,тој прво му се придружил ма “призренската лига“ .По објавата на независноста на државата Албанија тој станува прв нејзин министар за војна,и почнува со организирање на воската со нејзино структуирање и обучување.
  • Веби Велија (1948-2009) — албански стопанственик, сопственик на балканската регионална индустриска и консалтинг корпорација ВЕ-ВЕ Груп и на телевизискиот синџир „Алсат“ во Македонија (Алсат М), Албанија и Косово.

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр. 481
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.130-131.
  6. Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. . Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]