Врапчиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Врапчиште е село во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар.

Врапчиште
Врапчиште is located in Македонија
Врапчиште
Местоположба на Врапчиште во Македонија
Координати 41°50′2″N 20°53′7″E / 41.83389° СГШ; 20.88528° ИГД / 41.83389; 20.88528Координати: 41°50′2″N 20°53′7″E / 41.83389° СГШ; 20.88528° ИГД / 41.83389; 20.88528
Општина Општина Врапчиште
Население 4874 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 537 м
Commons-logo.svg Врапчиште на Ризницата


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Горни Полог, оддалечено 5 километри северно од Гостивар.

Историja[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и било едно од најголемите села во полошката област со 240 христијански семејства, 17 неженети христијани и 2 вдовици христијани.[1]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Врапчиште живееле 1.865 жители, од кои 1.300 Турци, 350 Македонци, 165 Албанци и 50 Роми.[2]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Врапчиште е центар на Галтска општина во Горнополошкиот срез и има 394 куќи со 2.120 жители Македонци, Турци, Албанци и Роми.[3]

Според последниот попис од 2002, Врапчиште има 4.874 жители и претставува едно од најголемите села во Гостиварско и Полог.[4]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 2.988
1953 343 2.079 919 5 3 19 3.368
1961 289 1.023 2.096 2 10 3.420
1971 241 2.075 1.683 3 45 4.047
1981 226 1.833 2.822 111 4.992
1994 191 1.743 3.072 1 8 5.015
2002 172 1.777 2.899 26 4.874

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитети[6]
  • Брца - некропола од доцноантичко време;
  • Градиште - населба од доцна антика;
  • Тумба - некропола од среден век;
  • Ограда - населба и некропола од доцноантичко време;
  • Топлишница - населба и некропола од доцноантичко време;
Цркви[7]
  • Црква „Св. Димитриј“ - изградена е во периодот помеѓу 1912 - 1916 година и се наоѓа во западниот дел на селото. Околу неа се старите гробишта;
  • Црква „Св. Илија“ - манастирска црква. Се наоѓа на падините на Шар Планина
  • Црква „Св. Петка“ - изградена е во периодот помеѓу 1912 - 1916 година и се наоѓа во западниот дел на селото;
  • Црква „Св. Атанасиј“ - изградена е во 1918 година и се наоѓа во западниот дел на селото;
Џамии

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Мохамед Аручи - македонски и турски теолог;
  • Кенан Хасипи (р. 1955) - македонски политичар, пратеник и претседател на ДПТМ;
  • Јаничие Димитриевиќ (14 септември 1879/1880 - 17 декември 1946) - лекар, пратеник, конзул;
  • Меваип Ефенди Сипахи (теолог,муфтија)
  • Јусуф Хасани (македонски политичар и пратеник од ДПТМ
  • Јусуф Хамзаоглу (професор по историја при УКИМ
  • Ќемал Ефенди Аручи (теолог)

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во 2012 година се одржа проектот"Спортот за заедништво,толеранција и сплотување". Од 1958 година постои фудбалскиот клуб Врапчиште кој во сезоната 2017/18 испадна од третата лига Запад.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.404
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 213.
  3. Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  7. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.