Ломница
Ломница е село во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар.
![]() |
Оваа статија за поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Ломница | |
![]() Поглед на селото Ломница | |
Координати 41°53′43″N 20°49′58″E / 41.89528° СГШ; 20.83278° ИГДКоординати: 41°53′43″N 20°49′58″E / 41.89528° СГШ; 20.83278° ИГД | |
Општина | Општина Врапчиште |
Население | 574 жит. (поп. 2002) |
Надм. вис. | 869 м |
Содржина
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Горни Полог, оддалечено 17 километри северозападно од градот Гостивар. Сместено е на источната падина на Шар Планина под гребенот Кржелино и врвот Рудока, на левиот брег над планинската река Матене која истекува од шарското ледничко Црно Езеро. Ломница е вовлечена во масивот на Шар Планина, расположена во горниот дел на долината на Маздрача од нејзината лева страна, на висина од 1200 метри[1], односно 1020 метри[2]. Западно од Ломница е превојот Враца преку Шар Планина, помеѓу врвовите Голема и Мала Враца, низ кој водел стариот пат од Полог за Љума во северна Албанија[1]. Селото Ломница припаѓа на Општина Врапчиште, чиј атар се издига до сртот на Шар Планина и е релативно голем зафаќајќи простор од 27,6 км2 на кои преовладуваат шумите на површина од 1773 ха, на пасиштата отпаѓаат 678 ха, а на обработливото земјиште 203 ха[2]. Од градот Гостивар, Ломница е оддалечена 19 км[2]. Ломница е село од збиен тип, чиишто куќи се поделени во три маала, кои се нарекуваат: Чајан, Бодин и Лека[1].
Историja[уреди | уреди извор]
Ломница е старо село, а за прв пат се споменува во турските документи (пописен дефтер) од 1595 година, кога тоа било населено со православни Македонци[1]. Денешните жители, муслимански Албанци, започнале да се доселуваат пред околу 240 години, од северниот дел на Албанија[1]. Сегашните албански жители не знаат или не кажуваат кога се иселиле староседелските македонски родови од Ломница[1]. Името на селото Ломница е со потекло до македонскиот јазик, што укажува дека тоа е основано и во него во минатото живееле Македонци.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Според структурата на земјиштето Ломница има мешовита земјоделска функција. Поради големиот атар кој ги опфаќа пространите пасишта на зарамнетите шарпланински гребени Кржелино (главно пасиште), Војводино, Думково и бројните бачила, Ломница е изразито сточарско овчарско село и воедно едно од селата со најголем број на стада и грла овци меѓу сите шарпланински села. Сточарски станови - трла со бројни овци има во самото село и во месностите Трла и Кодра Станишеве[1], веднаш западно над самото село. На пределот Матене има голема и густа букова шума[1] од која се сече и огревно дрво.
Население[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Ломница живееле 166 жители, сите Албанци.[3]
Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ломница имало 34 куќи и 360 жители Албанци.[4]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 574 жители. Следува табела на националната структура на населението[5]
Националност | Вкупно |
Македонци | 1 |
Албанци | 571 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
Други | 2 |
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:[6]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 166[3] | 360[4] | 459 | 512 | 582 | 711 | 748 | 762 | 574 |
Родови[уреди | уреди извор]
Во Ломница живеат доселени албански муслимански родови[1]. Во маалото Чајан живеат: Чајан по потекло од Чаја во северна Албанија; Пал или Палолар од фисот Бериш од северна Албанија; Скоре по потекло од Љума во северна Албанија[1]. Во маалото Бодин живеат: Бодин од фисот Красниќ и областа Калис во северна Албанија, а во маалото Лека живеат: Лека по потекло од областа Малесија во северна Албанија, Реч дошле од истоименото село кое се наоѓа крај реката Дрим во северна Албанија, Печ и Штеи по потекло до Малесија во северна Албанија, Булк од северна Албанија[1].
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Администрација и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Галерија[уреди | уреди извор]
Поглед на Ломница и Неготино од Шар Планина
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 Ф. Трифуноски, Јован (1976) (на српски). Полог (антропогеографска проучавања). Српска академија наука и уметности. стр. 270-271.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 182.
- ↑ 3,0 3,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
- ↑ 4,0 4,1 Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
- ↑ http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.