Калиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Калиште — село во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар.


Калиште
Калиште is located in Македонија
Калиште
Местоположба на Калиште во Македонија
Координати 20°51′29″N 41°52′36″E / 20.85806° СГШ; 41.87667° ИГД / 20.85806; 41.87667Координати: 20°51′29″N 41°52′36″E / 20.85806° СГШ; 41.87667° ИГД / 20.85806; 41.87667
Општина Врапчиште
Население 681 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 775 м
Калиште на општинската карта
Калиште во Општина Врапчиште.svg

Атарот на Калиште во рамките на општината


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Историja[уреди | уреди извор]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 681 жители. Следува табела на националната структура на населението[1]

Националност Вкупно
Македонци 1
Турци 0
Роми 0
Албанци 688
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
останати 12

Родови:[уреди | уреди извор]

Калиште е албанско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото:

Доселеници

  • Меметолар или Скавица (25 к.) доселени се од селото Скавица во Љума, северна Албанија. Овде се доселиле преку превојот Враца на Шар Планина. Ја знаат следната генеологија Шефик (жив на 65 год. во 1947 година) Али-Емрула-Јакуп-Ајваз-Алија, кој се доселил. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство), Врапчиште и Сенокос.
  • Монолар или Дреч (26 к.) доселени се од некое село во Албанија. Според П. Јовановиќ, доселени се од некое село на планината Кораб. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Турција (едно семејство).
  • Фератолар или Хасњан (23 к.) доселени се од Хаса во северна Албанија (некои кажуваат од Бицаја во Љума). Постои и трето предание според кое се доселени од областа Матија. Имаат иселеници во Пожаране, Пирок, Сенокос и Турција (три семејства).
  • Реч (28 к.) доселени се од истоименото село во Калиса во северна Албанија. Имаат иселеници во Турција (едно семејство).
  • Ѓани (1 к.) доселени се од селото Штировица во Горна Река. Подалечно потекло од северна Албанија.
  • Исмаиловци (1 к.) доселени се од селото Пожаране. Таму припаѓале на истоимениот род. Имаат православни Македонци за роднини (Шутевци).[2]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 452 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[3]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 814 гласачи.[4]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од Албанците покрај наведените иселеници во Тетово, Гостивар, Турција и некои полошки села. Иселени се и Таироски во селото Новаќе. Калишт во селото Сенокос. Калиш во селото Радуша.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  2. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
  3. "Описи на ИМ". Посетено на 3 ноември 2019.
  4. "Претседателски избори 2019". Посетено на 3 ноември 2019.
  5. Именуван за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.07 - 5574/1 од м.декември, 2007, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 156/07.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]