Прејди на содржината

Прошовце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прошовце
Прошовце во рамките на Македонија
Прошовце
Местоположба на Прошовце во Македонија
Прошовце на карта

Карта

Координати 41°51′42.3″N 20°50′18.7″E / 41.861750°N 20.838528°E / 41.861750; 20.838528
РегионПолошки
ОпштинаВрапчиште
Население во атар10 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис.1200 м
Прошовце на општинската карта
Податотека:Прошовце во Општина Врапчиште.svg

Атарот на Прошовце во рамките на општината
Објаснувања за населението

1 Државниот завод за статистика го пресметува населението врз основа на бројот на жители кои живеат во рамки на атарот на населеното место
2 Податокот го содржи населението што живее во пописниот круг за населеното место, исклучувајќи ги или додавајќи ги бројот на жители кон други населени места.

Прошовце — историско гостиварско село сместено на Шар Планина, од левата страна на Врапчишка Река, западно од Пожаране на надморска висина од околу 1200 м. Атарот на ова село денес се води под селото Пожаране.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во минатото Прошовце било малечко збиено планинско село. Се состоело од едно маало со православни Македонци кое се наоѓало на 1 км југозападно од денешното место. Во средината на XIX век во селото се населите Албанци по потекло од Северна Албанија. Тие формираале свое посебно маало на место на денешната положба. Со тоа селото станало двонационално и добило уште едно маало, а со тоа станало и село од разбиен тип. За тие делови да можат да се разликуваат тие се нарекле Долно и Горно Прошовце, од кое Горно било Македонско, а Долно Арнаутско. После тоа во одреден период староседелското Горно Прошовце се иселило и селото повторно останало од збиен тип. Прошовце е стара населба. Првпат се спомненува во 1461 или 1462 година, каде се наведува „пат кој води од Калиште во Прошовце па од таму во планината“[3]. Вторпат се споменува во 1470 година, каде Ќебир Мехмед Бег на своите синови им предал 3 села од тетовската каза (Прошовце, Галате и Пожаране), кои ги наследил од својата мајка. Подоцна селото повторно се споменува и во 1595 година. Во периодите кога Прошовце се споменува во пишаните документи па до средината на XIX век, тоа било чисто православно македонско село. Имало околу 40 куќи, но поради населувањето на Арнаутите, тие се раселиле. Најмногу ги има исселено во соседното Пожаране, потоа во Дуф, Тетово, Блаце, Галате, Брвеница и други.

Кога селото било христијанско, тоа имало селска црква. Таа била посветена на св. Атанасиј и се наоѓала во македонското маало, крај Врапчишката Река. Иселените родови во Пожаране сè уште ја слават оваа слава исто како што се славела како селска во Прошовце. Околу црквата биле и селските гробови. До крајот на XIX век, остатоците од црквата биле видливи. Во 1900 година селото имало 12 куќи, населени сите со Албанци. Во 1944 гоидина селаните на Прошовце извршиле масакр врз партизанска чета. Тогаш како одмазда селото било запалено и селаните се раселиле. Во 1947 година се вратиле само 3 семејства. Денес селото е напуштено и постојат само остатоци од него.

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Trifunovski, Jovan F. (1976). Polog (Etudes Anthropogeographiques) (француски) (1. изд.). Belgrad: Academie Serbe des Sciences et des Art.
  3. Гл. Елезовиќ: Турски извори за нашу историју бр. 11 стр. 131