Новаќе
Новаќе — село во Општина Боговиње, во околината на градот Тетово.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Историја[уреди | уреди извор]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Новаќе живееле 175 жители, од кои 135 Албанци и 40 Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Новаќе имало 32 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година селото било дел од Брвеничка општина во Долнополошкиот срез и имало 22 куќи со 117 жители, Албанци и Македонци.[3]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 304 жители, сите Албанци.[4]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1929 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 175[1] | 32[2] | 117[3] | 172 | 191 | 237 | 280 | 305 | 331 | 304 |
Родови[уреди | уреди извор]
Новаќе е албанско село.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:
- Дервишовци (3 к.) најстар род во селото. Доселени се од некое село во областа Гора кај Призрен. Они се албанизирани Горанци.
- Коматникоски (1 к.) доселени се од селото Јеловјане. Подалечно потекло од селото Рестелица во Гора. Они се албанизирани Горанци.
- Десовци (1 к.) доселени се од селото Ново Село. Таму припаѓале на истоимениот голем род. Подалечно потекло од некое село во Гора. Они се албанизирани Горанци.
- Беќировци (9 к.), Изероски (7 к.) и Абдиоски (2 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
- Таироски (2 к.) доселени се од селото Калиште.
- Анче (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Камењане.[6]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 2064 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 353 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Стари македонски православни иселеници има во Тетово. Таму се иселени. Србиновци, Аврамовци, Мишковци, Димовци, Никодиновци, Ѓоровци, Атанасовци, Велјановци и Дамјановци. Цветковци се иселиле во Долно Седларце.[6]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
- ↑ 2,0 2,1 Brankoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 122-123.
- ↑ 3,0 3,1 Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 23.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 6,0 6,1 Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|