Ново Село (Боговиње)
Ново Село | |
![]() Глетка на Ново Село од падините на Шар Планина | |
Координати 41°56′43″N 20°51′45″E / 41.94528° СГШ; 20.86250° ИГДКоординати: 41°56′43″N 20°51′45″E / 41.94528° СГШ; 20.86250° ИГД | |
Општина | Боговиње |
Население | 1.589 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 1214 |
Шифра на КО | 28050, 28550 |
Надм. вис. | 1170 м |
![]() |
Ново Село — село во Општина Боговиње, во околината на градот Тетово.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Историја[уреди | уреди извор]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Население[уреди | уреди извор]
Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година селото било дел од Долнопалчишка општина во Долнополошкиот срез и имало 108 куќи со 494 жители, сите Македонци.[1]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.589 жители, од кои:[2]
Националност | Број |
Македонци | 1 |
Албанци | 1.579 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
останати | 9 |
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[3]
Година | 1929 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 494[1] | 685 | 722 | 823 | 1.127 | 1.404 | 1.450 | 1.589 |
Родови[уреди | уреди извор]
Ново Село е албанско село.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:
- Десовци (35 к.) се албанизирани Горанци. Доселени се од некое село во областа Гора кај Призрен во Косово. Го знаат следното родословие: Милаим (жив на 65 г. во 1948 година) Ислам-Мурат-Зеќир-Мурат-Асан-Деса, кој се доселил со синовите. Имаат иселеници во Новаке, Јеловјане, Мала Речица и Турција (шест семејства).
- Маршин (9 к.) доселени се од местото Маршин кај Љума во северна Албанија. Имаат иселеници во Тетово (две семејства) и во Боговиње.
- Матранч (25 к.) доселени се од некое место во северна Албанија. Имаат иселеници во Тетово (две семејства) и во Турција (едно семејство).
- Врае (2 к.) доселени се од Љума во северна Албанија.
- Штек (27 к.) доселени се од местото Штек кај Љума во северна Албанија.
- Шпен (3 к.) доселени се од северна Албанија.
- Чапри (8 к.) доселени се преку Гора од некое место во Албанија.
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постојат избирачките места бр. 2077 и 2078 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[4]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.430 гласачи.[5]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Галерија[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 23.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|