Боговиње

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Боговиње
Bogovinje 01.JPG

Панорама на Боговиње

Боговиње is located in Македонија
Боговиње
Местоположба на Боговиње во Македонија
Координати 41°55′24″N 20°54′48″E / 41.92333° N; 20.91333° E / 41.92333; 20.91333Координати: 41°55′24″N 20°54′48″E / 41.92333° N; 20.91333° E / 41.92333; 20.91333
Општина Општина Боговиње
Население 6.328 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1220
Надм. вис. 503 м
Боговиње на општинската карта
Боговиње во Општина Боговиње.svg

Атарот на Боговиње во рамките на општината
Commons-logo.svg Боговиње на Ризницата

Боговиње — село во Општина Боговиње, во околината на градот Тетово и седиште на истоимената општина.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 15 километри јужно од Тетово.

Историja[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 42 семејства, 2 неженети и 1 вдовица, сите христијани.[1]

Во XIX век селото е дел од Тетовската каза во Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Боговиње живееле 600 жители, сите Албанци.[2]

Според пописот во 2002 година селото има 6.328 жители[3] и претставува едно од најголемите села како во Полошко, така и во цела Македонија.

Националност Жители
Македонци 1
Албанци 6.273
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
останати 49

На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1994 2002
Население 470 480 2.139 2.359 2.746 3.661 4.619 5.670 6.328

Родови:[уреди | уреди извор]

Како еден од најстарите албански родови во селото се споменува родот Колаји. Нивните предци се доселени од областа Фанде (северна Албанија) во втората половина на XVIII век.[5]

Боговиње е албанско село.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:

Ковач маало

Зизе маало

  • Зизе (33 к.) доселени се од северна Албанија. Потекнуваат од основачот на родот Азис, он се доселил со неговиот брат. Го знаат следното родословие: Неваип (жив на 30 г. во 1948 година) Ајет-Абаз-Елмас-Сали, кој се доселил во селото.

Касе маало

  • Вјше (20 к.) доселени се од некое место во Албанија.
  • Фетише (15 к.) исто потекло како и претходниот род.

Алиле маало

  • Алиле (14 к.) доселени се од северна Албанија
  • Касафере (14 к.) имаат исто потекло како и претходниот род. Потекнуваат од братот од основачот на родот Алиле.
  • Леике (5 к.) доселени се од Албанија.
  • Маршине (4 к.) доселени се од Ново Село. Таму се доселиле од некое село во областа Љума во северна Албанија.[6]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постојат изборните места бр. 2071, 2071/1, 2072, 2073, 2073/1, 2074, 2074/1, 2075 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на старо и ново основното училиште.[7]

На претседателските избори во 2019 година, на овие изборни места биле запишани вкупно 5.965 гласачи.[8]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Старото православно-македонско население од ова село се има иселено одамна. Сега се знае за следните иселени православни родови од селото. Секуловци иселени се во селото Јелошник.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.312
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
  3. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  4. „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика.
  5. Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 9 стр.
  6. 6,0 6,1 Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.
  7. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  8. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  9. „Веби Џемаили“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2010-01-21.
  10. „Блерим Џемаили“. Агенција за иселеништво на Македонија. Посетено на 2010-01-21.
  11. Дулови, Лирим (12 април 2007). „Арифхикмет Џемаили е нов министер за култура“. А1. Посетено на 2010-01-21.
  12. „Одлука за конституирање на Комисија за завршен испит“ (PDF). Академија за обука на судии и јавни обвинители. 24 ноември 2009. Посетено на 2010-01-21.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]