Урвич

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Урвич
Urvic.jpg

Панорама на Урвич

Урвич is located in Македонија
Урвич
Местоположба на Урвич во Македонија
Координати 41°57′3″N 20°53′39″E / 41.95083° СГШ; 20.89417° ИГД / 41.95083; 20.89417Координати: 41°57′3″N 20°53′39″E / 41.95083° СГШ; 20.89417° ИГД / 41.95083; 20.89417
Општина Општина Боговиње
Население 756 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 1120 м
Commons-logo.svg Урвич на Ризницата

Урвич — село во Општина Боговиње, во околината на градот Тетово.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Урвич се наоѓа под југоисточните падини на Шар Планина. Селото е планинско, на надморска височина од 1.120 метри. Оддалечено е 23 километри југозаапдно од градот Тетово.

Историja[уреди | уреди извор]

Урвич во 18-ти век било воглавно населено со население кое било доселено од Гора и малку од Албанија.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Урвич живееле 360 жители, сие Македонци муслимани.[1]

Според Афанаиј Селишчев во 1929 година, Синичане е село во Долнопалчишка општина во Долнополошкиот срез и има 145 куќи со 780 жители, Македонци.[2]

Според пописот од 2002 селото брои 756 жители, од кои најголем дел се Македонци муслимани - Горанци, но од различни политичко-верски причини се изјасниле како Турци и Албанци.[3]

Националност Вкупно
Македонци 1
Албанци 113
Турци 640
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 2


На табелата е прикажан бројот на населението низ сите пописни години:[4]

Година 1900 1929 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 360[1] 780[2] 654 1.027 770 747 830 774 811 756

Родови[уреди | уреди извор]

Урвич е македонско (горанско) село.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:

  • Ѓуклевци (7 к.) староседелци. Они се единствени староседелци во селото. Исламот го примиле во 18-ти век. Тие имаат православни Македонци како роднини во градот Тетово. И од денешните Ѓуклевци има иселеници во Тетово (две семејства).
  • Јудинци (36 к.) доселени се од селото Рестелица во Гора. Доселени се во втората половина на 18-ти век. Викаат дека и сега во Рестелица постои Јудинска маала, каде они порано живееле. Имаат иселеници во Боговиње, Синичане, Тетово (седум семејства), Турција (десет семејства) и во поранешна Чехословачка (едно семејство).
  • Чупкинци (2 к.) гранка се од претходниот род.
  • Шеановци (9 к.) доселени се од некое село во Гора. Имаат иселеници преку 10 семејства во Горно Седларце, Голема Речица, Тетово, Бугарија и Турција.
  • Борјанци или Потуровци (29 к.) доселени се од Гора. Поточно од селото Борје кое сега се наоѓа во Албанија. Имаат иселеници во Синичане, Тетово (едно семејство) и во САД (едно семејство).
  • Сиџимовци (13 к.) и Левичаровци (7 к.) доселени се од некое село во Гора. Порано биле еден род. Од Сиџимовци има иселеници во Тетово, Јеловјане и Турција.
  • Рзовци (3 к.) доселени се од селото Борје во Гора. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).
  • Паљузинци (6 к.) доселени се од некое село во Гора. Ја знаат следната генеологија Мемет (жив на 75 год. во 1948 година) Беќир-Белул, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Тетово (таму изумреле) и во Турција.
  • Ајдаровци (7 к.) доселени се од некое село во Гора. Ја знаат следната генеологија Исмаил (жив на 50 год. во 1948 година) Идриз-Несим-Зубер, кој се доселил.
  • Царевци (13 к.) најстари доселеници во селото. Кога дошле зборувале албански, но мешајќи се со Горанците го примиле македонскиот јазик. Доселени се од Љусна во северна Албанија. Имаат иселеници во Долно Палчиште, Синичане, Челопек, Горно Седларце, Голема Речица, Бугарија и во Турција.
  • Мета (21 к.) и Тушевци (14 к.) некои кажуваат дека се доселени од Љусна, а други од Матија во Албанија. Овде живеат од крајот на 18ти век. Од Мета има иселеници во Камењане, Тетово (шест семејства), Скопје (четири семејства) и во Турција (пет семејства). Од Тушевци има иселеници во Тетово (шест семејства) и во Бугарија (две семејства).[5]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
  2. 2,0 2,1 Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 23.
  3. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. 


Надворешни врски[уреди | уреди извор]