Глобочица (Гора)
Глобочица е село во јужниот дел на Косово, во планинскиот регион Гора, во општината Драгаш. Припаѓа на Призренскиот округ. Мнозинството од жители се Горанци. Населението брои 960.
Јазик
[уреди | уреди извор]Горанците зборуваат Нашински јазик. Малкумина кои живеат близу до градовите зборуваат албански или српски. Според пописот 1991 во Југославија, 54,8% од населението на регионот Гора се изјасниле дека зборуваат нашински јазик, бидејќи мнозинството на населението се Горанци.
Традиција
[уреди | уреди извор]Традиционалната Горанска народна музика вклучува танц наречен Коло, која е кружен танц фокусиран на движењата на ногата. Танцот секогаш почнува со користење на десната нога и се движи во насока спротивна од стрелките. Колото обично е придружувано со инструментална музика направена често со зурла, кавал и тапан. Колото поретко е придружено со пеење како тие што се во соседните етнички групи: Албанците, Македонците и Србите.
Исто така постои и голем дел од историјата на Гораните во нивните текстови и песни. Уникатно, се пее за долго патување во Турција, за скршени срца и љубов. Нивните песни се вршат од страна на мажите и жените.
Родови
[уреди | уреди извор]Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 јужнословенски муслимани.[1]
Глобочица е горанско село.
Според истражувањата од 1936/37 година, родови во селото се:
- Староседелци: Пајковци (10 к.), Хајдаровци (35 к.), Кајкушевци (10 к.), Шолиќевци (10 к.), Лајковци (5 к.) и Муратовци (8 к.)
- Доселеници: Хочковци (10 к.) доселени се од селото Хоча кај Призрен; Поштаровци (15 к.) предокот Али Садак и неговиот брат носеле пошта на патот Белград-Ниш и по тоа го добиле името; Рамадановци (2 к.) доселени се од селото Зли Поток во истата област.[2]
![]() | Оваа статија за Косово е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Луковац, Милисав. Гора и Опаље.