Горни Крстец
Горни Крстец Kërstec e Sipërm | |
---|---|
село | |
Поглед на селото | |
Местоположба во Косово | |
Координати: 42°4′10.92″N 20°36′7.92″E / 42.0697000°N 20.6022000°E | |
Држава | Косово |
Округ | Призрен |
Општина | Драгаш |
Надм. вис. | 1.150 м |
Население (2011) | |
• Вкупно | 420 |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Горни или Мали Крстец (понекогаш и само Крстец; албански: Kërstec e Sipërm или Epër; српски: Горњи Крстац) — село во областа Гора, денес во општината Драгаш на Призренскиот округ, јужно Косово. Населението брои 420 жители (2011), сочинето од Горанци.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Гора, на левата страна од реката Плава, во југоисточните пазуви на планината Коритник, на надморска височина од 1.150 м.
Историја
[уреди | уреди извор]Во 1900 година, Васил К’нчов го забележал Горни Крстец како македонско-муслиманско село во областа Гора. Заедно со соседното село Долни Крстец, тоа броело вкупно 120 куќи.[1]
По Втората балканска војна селото ѝ е доделено на Албанија, заедно со уште осум горански села. Според Стефан Младенов во 1916 г. Крстец (Кръ̀стец) било македонско село со 120 куќи.[2]
Население
[уреди | уреди извор]Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото Крстец имало 350 јужнословенски муслимани (Горанци).[3]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 242 | 229 | 247 | 292 | 415 | 437 | 420[б 1] |
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Основно училиште
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Џамии
- Џамија — главна селска џамија
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Кънчев, В. Го̀ра. С една карта, Трудове на Българското природоизпитателно дружество, София, 1900, с. 100, 103.
- ↑ Младенов, Стефан. Пътешествие из Македония и Поморавия, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 184.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
Забелешки
- ↑ Податоците за селото Долни Крстец, согласно важечките територијални организации за време на пописот од 2011 година, се вклучени во податоците за Горни Крстец.
|