Пирок

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Пирок (албански: Piroku, Пироку) е село во Општина Боговиње, во околината на градот Тетово.

Пирок
Pirok view.JPG

Панорана на Пирок

Пирок is located in Македонија
Пирок
Местоположба на Пирок во Македонија
Координати 41°54′38″N 20°54′38″E / 41.91056° СГШ; 20.91056° ИГД / 41.91056; 20.91056Координати: 41°54′38″N 20°54′38″E / 41.91056° СГШ; 20.91056° ИГД / 41.91056; 20.91056
Општина Општина Боговиње
Население 4701 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1214
Надм. вис. 500 м
Пирок на општинската карта
Пирок во Општина Боговиње.svg

Атарот на Пирок во рамките на општината
Commons-logo.svg Пирок на Ризницата


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Пирок претставува големо село во Полошката Котлина. Југозападно од селото се наоѓа соседното Градец, додека североисточно, Боговиње. Селскиот атар се простира низ котлинското дно, каде што се наоѓаат нивите, а на планинскиот реон се наоѓаат шумите и пасиштата. Најпознати селски топоними се: Нишинци, Забел, Слоџе, Караџица, Поточиште, Жука, Чимава, Лончане и др. Пирок е населба од збиен тип и се состои од неколку маала: Џаме Маало, Прти Ујт Маало, и Епр Маала. Кон патото кој води за Гостивар, во минатото постоело село наречено Драгош. За време на турското владеење селото било опустошено и целиот имот му припаднал на Пирок.[1]

Историja[уреди | уреди извор]

Пирок е стара населба. Во 1461 или 1462 година се споменува патпо „кој води од Тумчевиште во Пиргос“, а исто и патот кој „поминува од Горно Фалише за Пиргос“.[2] Селото се споменува и во помените на Бигорскиот Манастир, во кој пишува дека „приложници на манастирот се Тошо и Анто од полошкото село Пирок“. Над селото постои место т.н. Киша (во превод Црква), за која се смета дека тука се наоѓала црквата на веќе иселените Македонци. Околу истата се наоѓаат и гробишта. Денес овие остатоци не се видливи. Недалеку од црквениот локалите, подоцна билa изграденa текија. Во минатото во селата имало и манастир, каде во него живееле 20 монаси. Денес остатоци од објектот нема. На крајот од 19 век, Пирок било чифлишко село, во кое имало 3 чифлика, и тоа на Џафер-бег, Ѓок-бег и Алим-бег. На чифлиците работеле Македонци, кои по падот на чифлигарството се иселиле.

За името на селото постојат две тези. Едната теза според жителите албанци на селото е дека името доаѓа од самиот основач на селото, односно Петре или некој со слично име. Втората теза која научно е подржана е дека името потекнува од грчкиот збор Пиргос, што значи кула.[3]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Пирок живееле 600 жители, сите Албанци.[4]

Според Афанасиј Селишлев, во 1929 година Пирок е село во Сенокоска општина во Долнополошкиот срез и има 145 куќи и 1.252 жители Албанци.[5]

Денес Пирок претставува едно од поголемите села во Полог со 4.701 жители (2002 г.)[6] и тоа:

Националност Вкупно
Македонци 0
Албанци 4.672
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 1
Бошњаци 0
други 28

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[7]

Година 1900 1929 1948 1953 1961 1971 1981 1994 2002
Население 600[4] 1.252[8] 1.927 2.247 2.482 2.977 3.801 3.884 4.701

Родови:[уреди | уреди извор]

Последниот македонски род кој живеел во селото биле Петревци и Николовци, кои се иселиле некаде пред Втората Светска Војна. Македонците од Пирок по својата носија, јазикот и обичаите припаѓале на горнополошката етничка група. Сите жители на селото се доселеници. Денес постојат само албански родови, но некои од нив се албанизирани и исламизирани, како на пример родовите Драгоши, Видуше, Ашиколарци, Укче, Бислими и Ѓеролари.[9]

Личности[уреди | уреди извор]

Институции[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Трифуновски, Ј.. Села кои сега не постојат во Полог. стр. 162. 
  2. Г. Елезовић, Турски извори за нашу историју, бр.11, срт. 130, 132
  3. Р. Грујић, Три Хилендарске повеље, стр.14
  4. 4,0 4,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
  5. Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
  6. Министерство за Локална Самоуправа. База на општински урбанистички планови
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  8. Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
  9. Trifunovski, Jovan F. (1976) (на francaise). Polog (Etudes Anthropogeographiques) (1 издание). Belgrad: Academie Serbe des Sciences et des Art. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]