Хисен Рамадани
| Хисен Рамадани | ||
| Роден | 3 јануари 1933
Пирок, Вардарска Бановина, Кралство Југославија | |
|---|---|---|
| Починал | 4 јануари 2012
Скопје, Македонија | |
| Занимање | политичар и политиколог | |
Хисен Рамадани (албански: Hisen Ramadani; Пирок, Тетовско, 3 јануари 1933 - 4 јануари 2012 во Скопје) — македонски политичар и политиколог.
Животопис
[уреди | уреди извор]Рамадани е роден во тетовското село Пирок на 3 јануари 1933 година. Дипломирал на Високата школа за политички науки во Белград. Бил учител, наставник, директор на основно училиште и просветен советник во Околискиот завод за школство во Тетово, член на Околискиот комитет на СКМ во Тетово, член на Општинскиот комитет на СКМ и претседател на Општинскиот одбор на ССРНМ во селото Жеровјане. Подоцна бил член на ЦК на СКМ, раководител на Комисијата за идеолошко образование и член на Извршниот комитет на ЦК на СКМ, пратеник во Собранието на СРМ и на СФРЈ, член на Универзитетскиот совет, член на Редакцискиот совет на веснокот „Комунист“ и секретар и потпретседател на Републичката конференција на ССРНМ, како и потпретседател на Извршниот совет на СРМ. По осамостојувањето на Македонија бил член на Партијата на албанските интелектуалци и во два мандата пратеник во Собранието на Македонија[1].
Починал во Скопје на 4 јануари 2012 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Хисен Рамадани“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2009-11-01.