Горно Фалише
| Горно Фалише | |
Местоположбата на историското село со црквата „Св. Атанасиј“ како единствен зачуван објект | |
| Координати 41°52′20″N 20°58′19″E / 41.87222°N 20.97194°E | |
| Регион | |
| Општина | |
| Област | Горен Полог |
| Население | нема жит. (поп. 2021)[1] |
| Шифра на КО | |
| Слава | Атанасовден |
Горно Фалише — историско село во областа Горен Полог, во Општина Брвеница, Тетовско.
Денес, од некогашното село е останата само црквата „Св. Атанасиј“, додека околу нејзе се наоѓаат обработливи површини.
Црквата ја одржуваат луѓе од селото Стенче, бидејќи и целиот стар селски атар е вметнат во стенчанскиот.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало околу 3 километри на запад од соседното село Стенче, на левата страна од реката Вардар.[2] Селото било сместено во рамничарскиот дел на Полог.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Горно Фалише било старо село, бидејќи се споменува во 1461 или 1462 година како село покрај кое поминувал патот од Горно Фалише за Пиргос (денешен Пирок).[2] Селото се споменува во XV век под името Горно Хвалишта.[4]
Селото било населено со православно македонско население и во него имало две цркви посветени на Свети Атанасиј. Покрај селото водел пат од Горен за Долен Полог наречен „Скопски Пат“. Затоа, селото било изложено на напади и населението почнало да се намалува.[2]
Околу 1870 година, Горно Фалише било чифлигарско село со околу 30 македонски куќи. Тогаш, муслиманските сопственици ја продале земјата заедно со куќите на околните поимотни селани од селата Стенче, Волковија и Чегране, поради што селаните морале да се иселат, бидејќи новите сопственици ја претвориле земјата во ниви.[2]
Последните жители кои го напуштиле селото се преселиле во соседното Радиовце, и од тамошната црква го донеле сребрениот крст, со кој денес се осветуваат водите за Водици и поради тоа селото има 2 крста.
Стопанство
[уреди | уреди извор]На Вардар се наоѓале воденици, кои биле споменати во турски документи.[3]
Население
[уреди | уреди извор]К`нчов во последната деценија на XIX век кога ја посетил Македонија, опишал дека селото Горно Фалише до 1860 година броело 30 македонски семејства, а веќе во 1890 опустело, како и селата Палатица, Корито, Форино и Чајле, кои иста така останале опустени и празни.[5]
Родови
[уреди | уреди извор]Стенче било македонско село со православно население.[2]
Според истражувањата на Јован Трифуноски се знае за следниве родови од селото: Ангеле, Петре, Дамњан и Огњан, преминале во Стенче. Нивните семејства таму изумреле; Ивановци заминале во Тумчевиште, но и тие изумреле таму; Билбиловци заминале во Тетово. Имало и други иселеници во Радиовце, Врапчиште и Волковија.
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви[6]
- Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква
Во минатото постоела уште една истоимена црква, која се наоѓала на месноста Крс, каде покрај урнатините од црквата се ископувале темели од куќи и гробови.[2]
Редовни настани
[уреди | уреди извор]- Слави
- Атанасовден — црковна и селска слава
Галерија
[уреди | уреди извор]- Воздушен поглед на местоположбата на селото
- Црквата „Св. Атанасиј“
- Ниви на местото на селото
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- 1 2 3 4 5 6 Трифуноски, Јован (1948). Села кои сега не постојат во Полог. стр. 155.
- 1 2 Петрушевски, Илија (2009). Исчезнати селски населби и села со променети имиња во Полог. Тетово: Здружение „Лешок“. стр. 24. ISBN 978-9989-2507-3-6.
- ↑ Г. Елезовић, Турски извори за нашу историју, бр. 11, стр. 130, 132
- ↑ "Новини", год. II бр. 12, 13./ Васил К’нчов, "Македонија. Етнографија и статистика", Част п'рва.Народи в Македонија. Арнаути., стр. 83-100
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
| ||||||||||||


