Камењане

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Камењане е село во Општина Боговиње, во околината на градот Тетово.

Камењане
Камењане is located in Македонија
Камењане
Местоположба на Камењане во Македонија
Координати 41°56′39″N 20°55′36″E / 41.94417° СГШ; 20.92667° ИГД / 41.94417; 20.92667Координати: 41°56′39″N 20°55′36″E / 41.94417° СГШ; 20.92667° ИГД / 41.94417; 20.92667
Општина Општина Боговиње
Население 4834 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 477 м
Commons-logo.svg Камењане на Ризницата


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Камењане е големо село сместено во рамнината на котлината Полог од десната страна на автопатот Тетово - Гостивар. Сместено е во еден дол на самото подножје на Шар Планина, а поројната река Камењанска го дели на два дела[1].

Историja[уреди | уреди извор]

Селото Камењане е населено од дамнешни времиња. Во минатото било населено со Македонци, за што сведочи неговото име кое со потекло и значење од македонскиот (словенски) јазик. За настанокот на името на селото се забележани 2 легенди. Според едната, во дамнешното минато при едно големо надоаѓање на поројната река, селото било сосем збришано и останало под камењата што ги донела поројницата[2], па оттаму местото го добило името Камењане (место со камења). Според другата легенда, по еден силен земјотрес селото се разурнало до темел, а од Шар Планина бил одронет огромен куп на камења и земја кои наполно го затрупале селото. Од тогашното село останале само камења и затоа неговите нови жители го нарекле Камењане[3]. Од поновата историја треба да се забележи дека Камењане до 2004 беше седиште на истоимената општина.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Камењане живееле 630 жители, сите Албанци.[4]

Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Камењане било дел од Долнопалчишка општина, во Долнополошкиот срез и имало 145 куќи и 1.252 жители, сите Албанци.[5]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 4.834 жители. Следува табела на националната структура на населението[6]

Националност Вкупно
Македонци 0
Албанци 4.825
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 1
Други 8

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[4]

Година 1900 1929 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 630[4] 1.252[5] 1.777 2.014 2.313 2.869 3.710 12 4.080 4.834

Родови:[уреди | уреди извор]

Како еден од најстарите албански родови во селото се споменува родот Колаји. Нивните предци се доселени од областа Фанде (северна Албанија) во втората половина на XVIII век.[7]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Поп-Јовановски Апостол Македонски народни легенди.НИО „Студентски збор“, Скопје, 1986 год. стр.31
  2. Поп-Јовановски Апостол Македонски народни легенди.НИО „Студентски збор“, Скопје, 1986 год. стр.31
  3. Поп-Јовановски Апостол Македонски народни легенди.НИО „Студентски збор“, Скопје, 1986 год. стр.31
  4. 4,0 4,1 4,2 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
  5. 5,0 5,1 Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 22.
  6. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  7. Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 год., 9 стр.
  8. Археолошка карта на Република Македонија, Том 2, 1996, издание на МАНУ, Скопје, Македонија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]