Рестелица

Координати: 41°56′N 20°40′E / 41.933° СГШ; 20.667° ИГД / 41.933; 20.667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Рестелица
Restelicë
село
Поглед на Рестелица
Поглед на Рестелица
Координати: 41°56′N 20°40′E / 41.933° СГШ; 20.667° ИГД / 41.933; 20.667
Држава Косово
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)

Рестелица (албански: Restelicë, српски: Рестелица) — село во општина Драгаш во областа Гора, југозападно Косово. Атарот на селото зафаќа површина од 84,83 км2. Ова е најголемо горанско село во шарпланинскиот дел на Гора. Сите топоними во селото ги зачувале првобитните словенски називи. Во Рестелица постоела српска православна црква посветена на Света Варвара, која, според преданието била манастир. Сочувани се и стари православни гробишта. Ова е најјужната населба во Косово, како и најголемо село по површина и жители.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 850 јужнословенски муслимани.[1]

Селото има горанско етничко мнозинство.

Број на населението на пописите:

  • 1948: 1393
  • 1953: 1471
  • 1961: 1772
  • 1971: 2576
  • 1981: 3476
  • 1991: 4274
  • 2011: 4698

Попис 2011[уреди | уреди извор]

Попис 2011
Македонци (Горанци)
  
2.739 58,30%
Бошњаци
  
1.564 33,29%
Албанци
  
172 3,66%
Турци
  
55 1,17%
останати
  
102 2,17%
неизјаснети
  
56 1,91%
непознато
  
10 0,21%
вкупно: 4698
  1. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.