Рухи Бакиу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Рухи Бакиу (албански; Ruhi Bakiu; Калиште, Гостиварско, 5 август 1964-3 Октомври 2013) беше македонски правник, публицист, член на РКЕ и универзитетски професор.


Биографија[уреди | уреди извор]

Бакиу е роден на 5 август 1964 во селото Калиште, Општина Врапчиште, гостиварско. Основното училиште го завршил во родното место, средното во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ” во Тетово. Во 1984/85 година се запишал на Правниот Факултет во Приштина, и истите ги завршил во 1990 година. По дипломирањето кратко време работел во Стамбеното претпријатије “PULLAZI” во Тетово. Во 1994, по основањето на Тетовскиот Универзитет работел како секретар на Универзитетот. Од 1 март 2002 работи во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово како асистент и како партаимер по предметот Уставно право и други сродни предмети. Во академската 1996/97 година се запишл на последипломските студии (Административна-политичка група) при Правниот Факултет во Приштина. По завршувањето на испитите, во октомври 2001 година ја одбранил магистарската тема со наслов „Уставно-правната позиција на албанците по Охридскиот Договор и уставните измени”, и се здобива со титулата Магистер по правни науки. Во ноември 2005 година од страна на наставниот совет на Правниот факултет при Универзитетот на Југоистаочна Европа е одобрена докторската тема „Правниот и практичниот аспект на парламентаризмот во република Македонија”. Во академската 2004/05 година бил и продекан на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа. Учествувал во подготвувањето на план програмата на Акедемијата за судии и јавни обвинители во Република Македонија. Учествувал и во проектот за обука и подигнување на капацитетот на институциите на локалната самоуправа, (Training and Capacity Building of Local Self Government Institutions) кој е организиран од старна на Европската Агенција за Реконструкција и е поврзано со урбаното планирање на општинско ниво. Во септември 2007 година од Собранието на Република Македонија именуван е за член на советот на Македонската радио телевизија[1]. На 25 декември 2007 година, по предлог на Владата на Република Македонија, од Собранието на Република Македонија е наименуван за член на Регулаторната комисија за енергетика на РМ со петгодишен мандат[2]. Во јавноста е познат по несогласувањата со ректорот на ЈИЕ и штрајкот со глад[3]. Живее во Мала Речица, Тетовско.


Библиографија[уреди | уреди извор]

Бакиу има објавено неколку научно-професионални трудови.

  • „Уставно-правната позиција на албанците во Република Македонија после Охридскиот Рамковен Договор и устваните измени”. (магистерски труд)
  • Охридскиот договор – како нова правна основа за унапредување на уставно-правната позиција на албанците во РМ (објавено од страна на Форумот на алабнските интелектуалци во РМ – фондација FRIEDRICH ERBERT Stiftung, јуни 2003 година)
  • Претседателскиот систем на Соединетите Американски Држави и карактеристиките на американското претседателство, “VIZIONE-1”, Скопје 2004.
  • Македонија и албанскиот политички субјект, “VIZIONE-2”, Скопје 2004.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Молк од најголем дел од државните функционери кои ги прозва вчера антикорупциската комисија“ (македонски). Канал 5. 06.12.2008. конс. 2010-01-03. 
  2. Именуван за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.07 - 5574/1 од м.декември, 2007, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 156/07
  3. Блажевска, Маја (05.07.2007). „Асистентот од Штулов го прекина штрајкот со глад“ (македонски). А1. конс. 2010-01-03.