Градиште (Галате)
археолошко наоѓалиште | |
Местоположба | 41°50′26″N 20°52′41″E / 41.84056° СГШ; 20.87806° ИГДКоординати: 41°50′26″N 20°52′41″E / 41.84056° СГШ; 20.87806° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Име | Градиште |
Место | Галате |
Општина | Врапчиште |
Тип | |
Период | железно време |
римско време | |
Портал „Археологија“ • Проект „Археомак“ |
Градиште е археолошки локалитет во Гостиварското село Галате. Локалитетот претставува утврдена населба утврдена населба од железното и римското време. Се наоѓа на околу 500 m северозападно од селото, над патот за селото Топлица, на доминантен рид во чие подножје е каменоломот, каде се гледа траса од фортификација, а по површината на градиштето се среќаваат грамади од градежен материјал, фрагменти од керамички садови, питоси и др. На североисточната страна се зачувани делови од бедемот кој е граден во сувоѕидица и има дебелина од 2 m. Градиштето е отворено кон Полошко Поле и е пристапно само од западната страна каде со благ превој се врзува со расклоненијата на Шар Планина. Досегашната археолошка литература овој локалитет го лоцирала во атарот на селото Врапчиште, под името Пожаранско Градиште, што не одговара на објективната катастарска поделба на селските атари..[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Гладница - населба и некропола од доцна антика;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996).Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() |
Оваа статија за поврзана со македонската археологија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од железно време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од римско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Археолошки наоѓалишта во Општина Врапчиште
- Никулци за македонска археологија
- Археолошки наоѓалишта во Гостиварско
- Галате