Тумба (Градец)
Тумба или Бунар — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Градец. Претставува утврдување од римското време. Се наоѓа на околу 1 км источно од селото, каде на висок рид со зарамнето плато се гледаат остатоци од мало утврдување — кула. Кулата се наоѓа на античката комуникација што минувала низ овој дел на Горни Полог.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Голема Чешма — црква и некропола среден век;
- Градиште — градиште од римско време;
- Поточане — населба од средниот век;
- Црквиште — црква и некропола од средниот век;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996).Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |