Прејди на содржината

Ковачилница (Раброво)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Ковачилница“

Карта

Местоположба 41°19′17″N 22°34′44″E / 41.32139°N 22.57889°E / 41.32139; 22.57889
Основни податоци
МестоРаброво
ОпштинаВаландово
Тип

 рудник


Период среден век
Портал „Археологија“

Ковачилница — археолошко наоѓалиште во валандовското село Раброво. Претставува средновековен рудник. Се наоѓа источно од селото, во непосредната близина на грчките гробишта, каде според некои податоци, во реонот на рудникот била откриена стара јама. Влезот, кој денес се гледа, има форма на трапез со димензии од 2,10 м висина и 0,80 м ширина. Во овој стар рудник во 1942 година биле најдени дрвени алатки и торби од кожа кои не се зачувани.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069