Дедели (археолошко наоѓалиште)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дедели
археолошко наоѓалиште
Дедели is located in Археолошки локалитет во Македонија
Дедели
Дедели
(Грешка во скриптата: Нема модул наречен „Location map/old“.)
Местоположба 41°17′03″N 22°36′16″E / 41.28417° СГШ; 22.60444° ИГД / 41.28417; 22.60444Координати: 41°17′03″N 22°36′16″E / 41.28417° СГШ; 22.60444° ИГД / 41.28417; 22.60444
Основни податоци
Име Дедели
Место Дедели
Општина Валандово
Тип

Археомак 2.0 графички знак (некропола).svg некропола

Период железно време
Портал „Археологија“  • Проект „Археомак“

Дедели е археолошки локалитет во валандовското село Дедели. Локалитетот претставува некропола од железно време. Се наоѓа на повеќе локации низ селото, односно на 6 km од Валандово и околу 10 km од Дојранското Езеро, од левата страна на патот Валандово-Стар Дојран, на последните југозападни расклоненија на Беласица. На неколку пунктови во неговиот атар се откриени гробови групирани во засебни целости, како еден вид родовски некрополи. Една таква гупа од 6 гроба била откриена уште во времето на Првата светска војна, во 1917 година, и тоа високо над селото, во т.н. линија на Солунскиот фронт.[1] Од 1978 до 1986 година се вршени систематски ископувања на група гробови во месноста Мелезник, како и по јужниот раб на селото. Притоа се откриени 91 гроб, од кои само оние од Мелезник претставуваат наполно истражена целост со 75 гроба. На јужниот раб на селото се истражени 11 гроба, 2 кај селското училиште и уште 3 гроба на различни места во приватните дворови. Во сите нив погребувањето е скелетно, во конструкции цисти, освен во 2, кај селското фудбалско игралиште, во кои погребувањето е извршено во питоси. Откриени се примери на погребувања по неколку пати во една гробна конструкција, како и различни појави во рамките на погребните обичаи. Гробните прилози претежно се стандардни, пред сè во зависност од категоријата на покојникот. Керамиката е изработена на колце од пречистена окер печена глина, орнаментирана со ленти изведени со темноцрвена мат боја. Доста е унифицирана и се јавува главно во облик на бокал со косо засечен врат и како длабок филџан со една или две вертикални држалки, кои претставуваат основна гарнитура кај секое погребување. Од накитот преовладуваат бронзените форми на висулци, фибули, игли, накит за околу вратот (торквеси), за на рацете, за околу појасот и сл. Оружјето и орудијата се изработени главно од железо, а доминираат копјата, ножињата и предметите од т.н. тоалетна гарнитура (брич, пинцета и острило од камен). Врз основа на типолошките карактеристики кај гробните прилози и воопшто врз основа на културните и хронолошките вредности на сите откриени археолошки појави е утврдено дека деделската некропола служела за погребување во текот на втората половина на VII век до почетокот на VI век пред н.е. Во текот на овој кус временски интервал населението, кое тука ги погребувало своите мртви, живеело бурен и интензивен живот и остварило мошне брз економски и културен просперитет благодарејќи на подемот на металургијата како основна стопанска гранка. Етнокултурната определба на населението е без сомнение јужнопајонска, со реални можности деделската заедница да се поврзе со историски познатите Дерони. Наодите од ископувањата се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.[2][3][4][5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. V. Pingel, Eisenzentliche Graber von Dedeli und Mravinca in Jugoslawisch – Makedonien
  2. Коцо, Димче(1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  3. Р. Васић, Нови елементи за проучавање гвозденог доба Вардарске долине, Старинар XXVI 1977
  4. М. Грбиќ, Археолошки наоѓалишта во Македонија, ГМКД на НР Македонија, Скопје 1954, 115;
  5. К. Томовски, М. Ќорнаков, За некои споменици од југоисточна Македонија, 29