Прејди на содржината

Стакина Чешма (Валандово)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стакина Чешма


Карта

Местоположба 41°18′45″N 22°33′36″E / 41.31250°N 22.56000°E / 41.31250; 22.56000
Основни податоци
МестоВаландово
ОпштинаВаландово
Тип

 населба


Период римско време
Портал „Археологија“

Стакина Чешмаархеолошко наоѓалиште во Валандово. Претставува населба од римското време.

Наоѓалиштето претставува културно наследство на Македонија.

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Наоѓалиштето лежи на 50 метри јужно од центарот на градот, од двете страни на суводолицата што се спушта кон Анска Река.

Историја

[уреди | уреди извор]

Бил прогласен за културно наследство на Македонија со решение од 4 февруари 1971 година од страна на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата. Решението било надополнето со решение од 31 декември 2003 година.[1]

Ископувања

[уреди | уреди извор]

Во 1973/1974 година Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата извршил заштитни ископувања со кои биле отворени шест простории со подни мозаици. Во една од нив била најдена мермерна када. Подоцна, од 1987 до 1990 година, истражувањата на објектот ги продолжил Музејот на Македонија. Откриени се уште четири нови простории со подни мозаици, обработени во опус сецтиле и опус тессалатум, а исто така и полукружен базен обложен со мермерни плочки. Ѕидовите се градени од кршен камен и варов малтер. Границите на објектот не се дефинирани. Меѓу подвижните наоди најмногубројни се фрагментите од керамички садови и ламби, а потоа предметите од бронза и железо. Најдени се и монети од Лициниј, Константин I и Констанциј II. Се смета дека се работи за голем објект, можеби палата, подигната во доцниот III или раниот IV век, која претставува дел од комплексот со луксузни градби пронајдени во самиот град Валандово.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Национален регистар на културното наследство“ (PDF). Управа за заштита на културното наследство. ноември 2024. Посетено на 31 август 2025.
  2. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]