Прејди на содржината

Зелениште (Валандово)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Зелениште“

Карта

Местоположба 41°18′57″N 22°33′24″E / 41.31583°N 22.55667°E / 41.31583; 22.55667
Основни податоци
МестоВаландово
ОпштинаВаландово
Тип

 некропола


Период раноантичко време
Портал „Археологија“

Зелениште — археолошко наоѓалиште во Валандово. Претставува некропола од раната антика. Наоѓалиштето лежи во дворот на здравствениот дом во градот, кога при изградбата на истиот е откриена некропола со гробови од типот циста, од обработени блокови од бигор, ориентирани во правец исток-запад. Со заштитното археолошко ископување во 1984 година, што го извршил Музејот на Македонија, се истражени 9 гроба, а голем дел е претходно уништен. Наодите се наоѓаат во споменатиот музеј.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069