Миравци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Миравци
Miravci.jpg

Поглед на селото Миравци

Миравци се наоѓа во Republic of Macedonia
Миравци
Местоположба на Миравци во Македонија
Координати 41°18′28″ СГШ 22°26′05″ ИГД / 
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Gevgelija Municipality.svg Гевгелија
Област Бојмија
Население 1.647[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1489
Повик. бр. 034
Надм. вис. 110 м
Commons-logo.svg Миравци на Ризницата


Миравци — село во Општина Гевгелија, во областа Бојмија, во околината на градот Гевгелија. До 2004 година, селото било административно седиште на истоимената општина.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Културниот дом во селото

Населбата се наоѓа во областа Бојмија, во крајниот северен дел на територијата на Општина Гевгелија. Селото лежи на десната страна на реката Вардар, распослано во Гевгелиско-валандовската Котлина.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 110 метри. Се наоѓа непосредно до стариот пат Демир Капија - Гевгелија, каде што денес е изградена новата делница Демир Капија - Смоквица од меѓународниот Автопат „Александар Македонски“ (Е-75). Од градот Гевгелија е оддалечено 21 километар.[2]

Има релативно голем атар, што зафаќа површина од 28,8 км2. На него преовладуваат шумите со површина од 1.707 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 729 хектари, а на пасиштата само 263 хектари.[2]

На ридовите над Миравци, кои се дел од источното подножје на планинскиот масив на Кожуф, се наоѓа излетничкото место „Бел Рај“. Во близината на селото Миравци, на патот кон селото Петрово се наоѓа и вештачко езеро.

Историја[уреди | уреди извор]

Поглед на Миравци во 1931 г.

Во XIX век, Миравци било христијанско село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.

До 2004 година, Миравци било административно седиште на истоимената општина.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]

Миравци има добра економска развиеност пред сѐ поради земјоделството. Покрај основните полјоделски култури благодарение на субмедитеранската клима во Миравци и околината успеваат и ран зеленчук (рани домати, краставици, компири, зелки, млад кромид и лук, марула) и некои тропски и медитерански овошја како киви, калинки, смокви и јапонски јаболка, кои освен на домашните пазари во последно време и се извезуваат на странските.

Во селото работат и земјоделска задруга и фабрички погон, повеќе колонијални продавници, а развиени се и трговијата и угостителството (неколку кафеани и кафе-барови).

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Миравци имало 660 жители, сите Македонци.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Давидово имало 760 жители.[4]

Миравци е големо село, со пораст на бројот на население. Така, населбата во 1961 година имала 1.438 жители, од кои 1.419 биле Македонци, а 12 жители Срби. Во 1994 година, селото броело 1.667 жители, од кои 1.662 жители Македонци, а пет жители Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Миравци имало 1.647 жители, од кои 1.640 Македонци, 6 Срби и 1 останат.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 660 760 1.145 1.235 1.438 1.525 1.684 1.675 1.667 1.647
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови[уреди | уреди извор]

Селото Миравци од секогаш било населено со Македонци од православна христијанска вероисповед. Најголем дел од македонските родови во Миравци се староседелци односно старинци, а како село кое од секогаш било големо и со поволни услови за живот привлекувало и доселеници од повисоките села во околните планински предели на Кожуф како Хума, но и од подалечни краишта како македонските предели во денешна Албанија. Во Миравци живеат следните македонски родови и семејства: Цуклеви, Танчеви, Ташевци, Самарџиеви, Бозови, Сумрови, Пејови, Лазарови, Елбасанови (веројатно водат потекло од Елбасан).

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поштата во селото

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било седиште на некогашната Општина Миравци.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Миравци, во која влегувале селата Габрово, Давидово, Миравци, Милетково и Петрово.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Миравци, во која покрај селото Миравци се наоѓале и селата Габрово, Давидово, Милетково и Петрово.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[8]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Џура Мара — настан каде девојките играат облечени во носија типична за Миравци, а една жена облечена во црно има улога да внимава на орото да не се фатат мажи.

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во селото постои фудбалски клуб „ФК Миравци“ кој успешно се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига.

Секоја година во селото Миравци се одржува и турнир во мал фудбал.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. посет. 26 мај 2017 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 91. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 3 јуни 2017 г. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 152.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 194-195.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  8. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]