Маслинки
| Маслинки | |
|---|---|
| Маслинка (Olea europaea) | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Растенија |
| Оддел: | Скриеносеменици |
| Класа: | Дикотиледони |
| Поткласа: | Астериди |
| Нерангирано: | евастериди I |
| Ред: | Усноцветовидни |
| Семејство: | Маслинки Hoffmgg. и Link |
| Родови | |
| |
| Синоними | |
|
| |
Маслинките (науч. Oleaceae) се фамилија на растенија со 24 рецентни родови и околу 600 видови на мезофитни грмушки, дрвја и ретко трнови.
Опис
[уреди | уреди извор]Листови
[уреди | уреди извор]Фамилијата се одликува со наспрамни листови кои може да се прости или сложени (или пинатни или тернатни), без прилисници. Најизменичниот (спирален) распоред на листовите е редок, но највоочлив е кај јасминот (Jasminum sp.). Лиската е со пинатна венација и може да е рассечена или со целокрајни рабови. Кај одредени таксони се среќаваат домации, односно комори во кои се заробуваат различни членконоги. Листовите може двегодишни или зимзелени, при што зимзелените видови се најчести во топлите умерени и тропски региони, додека видовите со двегодишни листови се предоминантни во поладните региони.
Цветови
[уреди | уреди извор]Цветовите се најчесто хермафродитни и актиноморфни, заземаат форма на метличка или грозд, и обично се фрагрантни. Чашката може, но и не мора да е присутна, додека венчето е синсепално и четириделно. Андрецеумот има два прашника вметнати во перигинската зона и алтернираат со деловите на венчето.
Во Македонија
[уреди | уреди извор]Од фамилијата Oleaceae како култивирани растенија на територијата на Македонија, најчесто како парковски украсни растенија се одгледуваат Jasminum nudiflorum, Jasminum officinale, Forsythia europaea, Forsythia suspensa, различни видови од родот Ligustrum за жива ограда, и други.[1]
Во јужните делови на Македонија: јужно од Демир Капија, Гевгелија, околината на Дојран, особено во последно време, се одгледува култивирана маслинка (Olea europaea). За нејзиното одгледување на посочените локалитети постојат и постари податоци од 1923 и 1928 година.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]
|