Прејди на содржината

Јасен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јасен
Бел (обичен) јасен (Fraxinus excelsior)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Астериди
Ред: Усноцветовидни
Семејство: Маслинки
Род: Јасен
L.[1]
Видови

во текстот.

Гранче од полски (долголисен) јасен
Семе на обичниот јасен
Црн јасен

Јасен (науч. Fraxinus) — род на цветни растенија од семејството на маслинките (Oleaceae). Опфаќа 45-65 вида на средни до големи дрва кои се претежно листопадни, со неколку суптропски зимзелени видови. Листовите се спротивно поставени и непарно перести, но и прости кај неколку вида. Семето се содржи во плодови кои се крилести оревчиња.

Во Република Македонија, како автохтони се застапени белиот или обичен јасен (F. excelsior), полскиот јасен (F. angustifolia) и црниот јасен (F. ornus).[2]

Некои видови

[уреди | уреди извор]
западен Палеарктик (Европа, северна Африка и југозападна Азија)
источен Палеарктик (средна и источна Азија)
западна и југозападна Северна Америка
источна Северна Америка

Екологија

[уреди | уреди извор]

Јасеновите лисја се храна за гасеницитее на некои видови пеперуги и молци.

Употреба

[уреди | уреди извор]

Јасеновото дрво е тврдо и густо (над 710 кг/м3 кај обичниот јасен[5] и 670 кг/м3 (±20%) кај американскиот[6]), со значајна жилавост и голема цврстина, но сепак свитливо. Поради тоа се користи за изработка на лакови, рачки на алат, бејзбол-палки и други видови прачки што бараат голема сила и издржливост.

Честопати јасеновото дрво се користи за изработка на електрични гитари, тапани и куќна столарија, и се добива фурнир за канцелариски мебел. Од него не се изработуваат предмети што стојат на отворено бидејќи срцевината не издржува контакт со земја,[5] и гние во рок од пет години.

Во столарството, јасеновото дрво се смета за мошне погодно поради пријатниот конечен изглед, лесна обработка со струк и згодно за шајки, завртки и лепила.[6] Во минатото, каросеристите правеле трупови за кочии и автомобили, кои биле предвидени да се свиткуваат за амортизација. Од истата причина, јасенот бил многу важен за изработка на авиони во раните години на воздухопловството.

Јасенот е мошне ценет и како огревно дрво, ќумур и како дрвен материјал за чадење. Од внатрешната кора на синиот јасен (F. quadrangulata) порано се добивала сина боја.

Наречено по дрвото

[уреди | уреди извор]
  1. „Јасен (Fraxinus L.)“. GRIN. Министерство за земјоделство на САД. 3 април 2006. Посетено на 22 февруари 2010. (англиски)
  2. Јасен“, „Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. 2009. стр. 636.
  3. „Записи за видови од родот Јасен (Fraxinus)“. GRIN. Министерство за земјоделство на САД. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 22 февруари 2010. (англиски)
  4. „Јасен (Fraxinus L.)“. Извештаи на ITIS. Обединет таксономски информативен систем. Посетено на 22 февруари 2010. (англиски)
  5. 1 2 „Ash“. Niche Timbers. Посетено на 22 февруари 2010.
  6. 1 2 „White Ash“. Niche Timbers. Посетено на 22 февруари 2010.